Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Препораки од невролог: Како да ја лечите мигрената кај децата и тинејџерите

Препораки од невролог: Како да ја лечите мигрената кај децата и тинејџерите

Честите главоболки и мигрени можат да започнат во раното детство. Поради тоа што се јавуваат кај голем број на деца, стручните лица посветија посебно внимание на овој проблем и ги издвоија најдобрите начини за лечење.

Речиси 10% од децата и 20% од тинејџерите чувствуваат мигрена, а таа може да започне во раното детство. Кај момчињата се јавува во седмата а кај девојчињата во десеттата година од животот.

Некои деца говорат за толку интензивна болка, поради која можат само да лежат во темна соба и да се надеваат на олеснување. Тоа некогаш може да биде огромен предизвик, особено затоа што состојбата не е секогаш препознатлива.

Благодарение на истражувањата кои се направени во последните 15 години, докторите денеска можат да им помогнат на децата со мигрена.

“Здравствените навики и сериозниот пристап се многу важни”, вели доктор Ендру Херши, директор на неврологија во детската болница во Синсинати.

Препорака од стручните лица за лечење на мигрена кај децата

-редовно пратење на детската историја на болеста и правење на физички истражувања кои вклучуваат присуство на невролог и специјалист за главоболка,

-вклучување на когнитивно – бихејвиорална терапија со амитриптилин како би се редуцирала зачестеноста на мигрената,

-поттикнување на детето на доволна количина на сон, редовни оброци и потребна хидратација,

-користење на ибупрофен и комбинација на суматриптан/напроксен во тек на нападот, за да се олесни болката,

избегнување на ботокс, затоа што иако е ефектен кај возрасните, кај децата и тинејџерите не помага.

Докторите и стручните лица ги издвоија овие неколку работи, но ја истакнаа и важноста на промената на стилот на живеење. Многу родители се пожалија дека нивните деца имаат повеќе главоболки ако не спијат доволно, не јадат редовно, или пак ако не пијат доволно вода. Тоа е многу важно “гориво” за мозокот, затоа што без тоа доаѓа до ширење на крвните садови, што е причина за разни главоболки.

“Здравите навики се механизам кои на мозокот му дозволуваат се да надомести. Мозокот е под стрес поради дехидратација и нередовни оброци и спиење”, вели доктор Херши.

Стресот во училиштето и дома може да биде поврзан со мигрената

Когнитивно – бихејвиоралната терапија е важна кај голем број на пациенти, затоа што им помага да научат да ја контролираат болката. Им се обезбедува стратегија која може да им служи да се изборат со предизвикувачите на мигрена, како што е важниот тест на училиште.

Многу стресори, како што се потешкотиите во училиштето или во домот, негативно влијаат на мигрените. Се докажа дека мигрените најчесто се јавуваат во Понеделник или пак на почетокот од школската година. Стресот веднаш се отсликува во болка.

Стручните лица предлагаат отвореност спрема когнитивно – бихејвиоралната терапија уште пред почетокот на школската година, затоа што ако пред одењето во училиште мигрените не се смират негативно ќе влијаат на успехот на детето на часовите.

Оставете коментар
Close