Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Претераното помагање може да биде штетно за децата

Претераното помагање може да биде штетно за децата

Родителите се првите и најважни учители и тренери на децата, поради тоа многу е важно да научат како правилно да постапуваат и да не прават грешки уште во почетокот на развојот.

Потребно е да му се помага на детето, но не треба да се претерува. Родителите се почесто ги прават работите наместо децата. За детето да не се мачи, да не се повреди, за да му се покаже љубов, да му се угоди... Или родителите брзаат и немаат време да почекаат детето само да се облече, му ги закопчуваат копчињата, му ги облекуваат чорапите, хулахопките, ги врзуваат врвките... а детето веќе одамна покажува заинтересираност да го прави сето тоа.

Не се оди пешки во градинка затоа што детето оди полека, па родителите го возат детето во количка бидејќи така е поедноставно и побрзо. Некогаш тоа го прават родителите а некогаш бабите и дедовците. Бабите и дедовците многу помалку време поминуваат со детето во однос на родителите, па нивното влијание на развојот на детето е помал. Што значи дека во овој случај главни виновници се родителите.

Зошто го прават тоа родителите? Можеби за да ги заштитат децата? Или со задоволувањето прават децата да бидат зависни од нив и повеќе ги врзуваат за себе.

Тоа не е природно, не е во согласност со биологијата и погрешно се толкува како љубов и грижа. Да се заштити детето е природно, но преголемата заштита е погрешна. На пример, детето од осум месеци лази и наидува на препреки или не може да дофати некоја играчка.

Понекогаш мајката или бабата ќе ги отстранат препреките или ќе му ја дадат играчката, за детето да не се мачи. Подобро би било да му се помогне на детето да помине преку препреката и само да ја дофати омилената играчка. Кога тоа ќе го совлада, следниот пат може да се направат повеќе препреки и така да се учи детето од мало самото да ги совладува.

Со вакви активности потребно е да се почне многу рано и постојано да се осмислуваат, затоа што првите години од животот се најзначајни за развој на мозокот. Во тој развој важна улога има и генетиката, храната (посебно јодот), опкружувањето и движењата. Ако е движењето покомплексно, поголеми делови од мозокот се активираат, од кои многу се одговорни за когнитивните способности. Затоа е потребно да му се овозможи на детето многу повеќе движење, а посебно активности во кои ќе размислува за тоа како да ги совлада препреките и да ги реши проблемите, дали да се движи на оваа или онаа страна, дали да помине под столицата или да ја заобиколи. Движењето станува уште покомплексно кога детето ќе прооди. Тогаш тоа почнува да се врти, скока, се качува нагоре и надолу, постојано одржувајќи ја рамнотежата.

Посебно важен е периодот кога детето ќе прозбори затоа што во тоа време почнува и периодот на делување на синапсите во мозокот, што има големо влијание на вкупниот развој на способностите на детето. Тоа е период што за родителите не е лесен, детето трча по станот или куќата, скока од фотеља на фотеља, се качува по мебелот, поставува многу прашања секој ден... некои родители тука прават грешка и не му дозволуваат да трча и скока, не одговараат на неговите прашања, го вклучуваат телевизорот и мислат дека така го решиле проблемот. А кога ќе излезат да шетаат детето не може да застане, почнува да се качува по клупите, да прескокнува препреки, некои деца се качуваат и на дрва.

Истражувањата на еволутивната психологија покажале дека децата инстинктивно превземаат ризик, така се развиваат, учат за себе и околината. Ако тоа веќе го знаеме, важно е да дозволиме вакви активности, но во безбедна околина. Не е работа на родителите да ги забранат овие корисни игри и активности, туку да водат сметка за нивната безбедност. На пример, ако се врти нека го прави тоа на ливада, а не на балкон, ако трча тоа да биде во парк на трева каде може и да падне, а не во продавница за керамика и стакло...

Родителите мораат да разберат дека преголемата заштита не е добра за биолошкиот развој на детето. Поради тоа родителите се најважните учители и тренери, така што вкупниот развој и интелегенција на детето е грижа на родителите. Со преголемата заштитеност и со реченицата “тоа јас ќе го направам наместо тебе”, му одмогнуваме на детето и на себе.

 

Оставете коментар