Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Превенција на насилството врз девојчињата: тренерите осмислија посебенa програмa во соблекувалната

Превенција на насилството врз девојчињата: тренерите осмислија посебенa програмa во соблекувалната

Новите студии покажаа дека во соблекувалните на тренинзите всушност може да се промовира почитувањето спрема девојчињата.

Тинејџерите станале помалку насилни во своите врски откако учествувале во програмата “Тренирајќи ги момчињата да станат мажи” кои ја направиле тренерите.

Исто така, станале помотивирани да помогнат кога ќе забележат насилство врз друга личност.

“Тренерите се многу важни ментори, но и пример на младите спортисти”, истакнува Елизабет Милер. Оваа програма има за цел да испрати важна и силна порака за спречување на насилството врз жените.

Програмата е започната со посредство на невладината група Иднина без насилство, како би се покажала ефикасноста на превенцијата за насилство и сексизам.

Во програмата, тренерите спремале тренинг картички секоја недела во рок од три месеци. На нив се наоѓала дискусија во траење од петнаесет од минути, а се однесувала на теми како непочитување и лошо однесување меѓу младите врсници, вклучително сексуалната агресија спрема девојките, но и позитивни начини на реагирање на сведоците на ваквите настани.

“Децата се секогаш спремни да го направат она што ќе им го каже тренерот”, вели Кетрин Лафон, професор од Универзитетот Вирџинија. “Тренерот многу често е авторитет кој има потполно почитување, но и создава екипа која има многу позитивна енергија”, додава.

Во 2018 година оваа програма вклучувала 283 тренери кои разговарале со повеќе од 1800 спортисти, 63 екипи во 31 школо.

До крајот на спортската сезона, момчињата биле многу поспремни да интервенираат кога ќе видат непочитување или насилство спрема другите личности во однос на момчињата кои не учествувале во програмата.

Исто така, биле поспособни да препознаат насилство и да разберат зашто еднаквоста на половите е важна.

Покрај тоа, кај момчињата кои учествувале во програмата, шансите да бидат сексуално насилни се намалиле за 76%.

Ова истражување е објавено на 13 јануари во JAMA Pediatrics.

“Најважно е тоа што покажавме дека насилството врз жените може да се превенира”, вели Лафон.

“Многу студии ги набљудуваа намерите и ставовите. Ова е начин на кој на проблемот му се влегува во самата срж”, додава таа.

Оставете коментар
Close