Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Прибор за прва помош за бебето

Прибор за прва помош за бебето

Сите родители треба да состават прибор за прва помош, што ќе содржи инструменти, ханзапласт и додатоци, со кои би го третирале бебето во итни случаи. Некои родители прават еден прибор за дома, друг за во автомобилот и еден преносен, за патувања. Приборот треба да ви биде лесно достапен, но надвор од дофатот на бебето. Препорачливо е еднаш месечно да го проверувате за да ги замените лековите што се потрошиле или на кои им изминал рокот. Купете мала пластична кутија за помалите предмети, а поголемите чувајте ги во близина.

Приборот за прва помош треба да содржи :

- завои, газа и самолеплива лента

- самолеплив ханзапласт

- памучни топчиња

- памучни стапчиња

- хируршка лента

- дигитален термометар

- ножици

- пинцета

- медицинска пипета

- светилка со резервни батерии

- резервно ќебе

- антисептички крем

- антибиотска маст

- лосион на база на каламин

- распрскувач или маст за изгореници

- хидрокортизонски крем (1% или помалку)

- петролејски крем- вазелин

- сапун 

- шише вода

- ибупрофен или парацетамол

- дифенхидрамин или друг антисхистаминик

- назален деконгестив

- сируп против кашлица

- други лекарства што ги прима вашето бебе

- упатство за вештачко дишење и Хајмлихов зафат

- Ипекак сируп или прибор во случај на труење

- список со броеви за итни случаеви

- стерилни влажни марамчиња

Оставете коментар