Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Природна нега на бебешката кожа

Природна нега на бебешката кожа

Како да се зачува детската кожа од вештачките материи?

Кожата на новороденото е поподложна на негативните ефекти од вештачките реагенси за разлика од кожата на возрасните. Затоа ризикот од системско труење е многу поголем кај новороденчињата.

Експертите предупредуваат дека меѓу факторите кои влијаат на појава на осип се вклучуваат и производите за нега на детска кожа. Ако ги прочитате декаларациите на производите за нега на кожата на децата, ќе откриете дека некои содржат состојки кои можат да бидат контаминирани со формалдехид, 1,4 диоксан, па дури и нитрозамини, кои се супстанции кои можат да предизвикаат рак, сериозна иритација на кожата или и двете.

Детските пудри базирани врз основа на талк содржат мали честички кои можат да ја иритираат кожата и може да содржат парфеми,кои се главната причина за алергии и иритации. Така би било добра идеја да се избегнат детските пудри со талк.

За нега на детска кожа би било добро да се користат производи без вештачки бои и синтетички мириси. Побарајте производи кои имаат pH избалансиран со природни билни екстракти и есенцијални масла. Производите за нега на кожата кои помагаат да се олесни иритацијата може дополнително да се збогатуваат со витамини.

Кои се корисни билки?

Невен

Невенот има антиинфламаторни и антимикробни својства и ја стимулира обновата на кожните келии.

Алое Вера

Алое Вера помага да се врати интегритетот на ткивото и дава благотворно анти-воспалителни својства.

Камилица

Камилицата го спречува ослободувањето на хистамин и ја ублажува воспалителната реакција. Стимулира регенерација на клетките на кожата.

Бадем:

Тој работи многу добро за да ја одржи потребната влажност на кожата, заштитува од иритација и сушење.

Кои се корисни витамини?

Витамин А

Витаминот А е потребен за раст и обновување на телесните ткива и помага во одржувањето на здравјето на кожата. Позитивно влијае на отпорноста на кожата и мукозната мембрана на хемиска и физичка иритација.

Витамин Ц и биофлавоноиди

Витамин Ц и биофлавонидите дејствуваат синергетски за зајакнување на сврзното ткиво во зидовите на крвните садови, а со тоа за зголемување на васкуларен отпор и интегритет, како и подобрување на циркулацијата. Витаминот Ц е антиоксидант кој помага да се намалат штетните ефекти од UVB зраците врз епителните клетки. Исто така, помага во работата на имуниот и ендокриниот систем.

Витамин Е

Витаминот Е е силен антиоксидант кој помага да се забави стареењето на клетките предизвикани од штетните ефекти на слободните радикали. Ја заштитува кожата од воспаление предизвикано од УВ зраци и ја одржува влагата на кожата. Регулира абнормална пролиферација на површинските слоеви на кожата.

Оставете коментар