Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Проблеми со спиење: Зошто бебињата ноќе се будат и зошто плачат

Проблеми со спиење: Зошто бебињата ноќе се будат и зошто плачат

Веќе ја знаете приказната на лекарите дека нервниот систем на бебињата уште не е развиен и дека сосема е нормално и природно бебињата до третата година да се будат и дека на тоа морате да се навикнете. Меѓутоа, сакаме да ви кажеме и уште неколку важни детали.

Зошто бебињата се будат ноќе?

Прво, детето треба да го сакате, морате секогаш да го слушате и да го наслушнувате. Што значи тоа? Значи дека само со огромна количина на љубов, можете да ги решите сите ситуации кои ви се наметнуваат. Наслушнувајте го и слушајте го детето, што значи да дишете со неговите гради, да ги гледате неговите проблеми, желби, можности и развој. Ако така се однесувате спрема вашето дете, сигурно ќе поминувате убави денови во вашето мајчинство.

Второ, ако вашето бебе се буди ноќе, треба да се запрашате дали е гладно или жедно (банално но вистинито). Сите ви кажувале за овие важни детали, но дали некој некогаш ви кажал да не го храните бебето ако за тоа не е време. На пример, ако вашето бебе веќе го прескокнува ноќното хранење, немојте повторно да го навикнувате на тоа. Подобро е да му понудите малку вода која ќе го залаже до утрината кога треба да го изеде својот редовен оброк. Многу често на бебето му се потребни неколку голтки вода за мирно да продолжи да спие.

Трето, вашето бебе се разбудило затоа што сонувало нешто лошо. И тоа може да биде причина за будење. Можеби детето имало лош ден, кој уште еднаш го преживува во сонот и ете ја причината за да се вознемири и да се разбуди.

Ако препознаете ваква ситуација, помогнете му на бебето, нека го слушне вашиот смирувачки глас, свртете го на друга страна, во положба во која полесно ќе заспие. Ако се случи ова да не помогне, земете го бебето во раце и тивко зборувајте му или пејте му песна која најмногу ја сака. Верувале или не гласот на мајката лечи многу повеќе од било што.

Четврто, еве уште неколку банални ситуации. Вашето бебе се разбудило а знаете дека не е ни гладно ни жедно, и дека не доаѓа некоја болест (температурата секогаш доаѓа навечер) а бебето пак плаче. Барате решение да го утешите бебето и ќе откриете дека пелената е повеќе стегната, бебето е многу покриено и му е топло, или дека температурата во собата е повисока. Проветрувајте ја просторијата каде што спие бебето.

Верувале или не вашето бебе може да го разбуди и центрифугата од машината за перење.

Бебето е прејадено

Немојте на бебето да му дозволувате навечер да се прејадува-сигурно ќе се буди. Во ваква ситуација ќе забележите дека бебето стенка и се напнува. Во ваков случај идеална позиција е да го ставите бебето на гради, завиткајте му ги нозете колку што ќе ви дозволи и лесно масирајте му го грпчето во насока на стрелките на часовникот. Ако на вашето бебе повеќе му се допаѓа да го допрете цврсто до себе тогаш масирајте му го стомачето. Секако покрај тоа пејте му иако тоа не престанува со “својата сирена”.

Секако, ништо од ова не е страшно и нема да има никакво влијание во развојот на вашето бебе.

Никнување на забите

Постојат ситуации кои не се ни малку слични на овие но од вас се очекува да ги препознаете и правилно да реагирате на нив. На пример, на вашето дете му никнуваат заби и секако тие ноќи се многу мачни. Бебињата тогаш се будат, најчесто врескајќи, затоа што ги разбудила остра болка.

На пазарот постојат повеќе гелови кои се наменети за смирување на оваа болка и би било добро да го имате овој гел пред да се јави проблемот.

Во вакви ситуации многу е тешко да го допрете непцето на бебето, но морате да бидете посилни од него и да му помогнете мачкајќи му го непцето. Нека не ве загрижува тоа што бебето брзо ќе го проголта. Сите гелови делуваат многу брзо, поточно тие го разладуваат болното место.

Немојте да ги користите народните лекови со мачкање на вино или ракија на непцата. Тоа не е добро-ќе го опијаните бебето.

Затнато носе

Ако ви се случи вашето дете одеднаш да почне ноќе да кашла иако не е преладено, има затнато носе. Ако живеете во стан со парно греење бидете сигурни дека воздухот во собата е сув. Затоа на радијаторите ставете испарувачи или влажни пешкири, а собата треба редовно и често да ја проветрувате.

Правете го тоа и ноќе но пред тоа бебето однесете го во друга соба или добро завиткајте го тие неколку минути. Ќе се изненадите колку тоа им се допаѓа на бебињата.

И уште нешто. Би било пожелно во ваква ситуација на детето да му ставите во носето “волшебна течност”- солена (морска) вода или обичен физиолошки раствор. На пазарот ги има повеќе. Овие води во вид на спреј доволно ќе го наводенат исушеното носе и ќе му овозможат на бебето мирно да спие. На овој начин ја избегнувате употребата на било кои капки за нос кои можат да бидат штетни за слузокожата на носето. После “третманот” ќе бидете изненадени колку брзо ќе ги снема и кашлањето и плачењето.

 

 

 

Оставете коментар