Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

ПРОТЕИНИТЕ ОД МАЈЧИНОТО МЛЕКО ИМААТ ЗНАЧАЈНА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ НА ДЕТЕТО

ПРОТЕИНИТЕ ОД МАЈЧИНОТО МЛЕКО ИМААТ ЗНАЧАЈНА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ НА ДЕТЕТО

Доењето е златен стандард во хранењето на доенчето, а мајчиното млеко е прилагодено на детето кое мајката го дои, кажуваат нутриционистите и додаваат дека доењето има докажано влијание на доенчето, но и на мајката.

“Во последните години многу повеќе се истакнува важноста на доењето, а статистичките податоци покажуваат дека мајките се повеќе се одлучуваат за доење, бидејќи го сметаат како многу важно во животниот развој на бебето”.

Према кажувањето на нутриционистите, мајчиното млеко единствена “жива храна”, која се менува спрема потребата на доенчето, а интересно е дека промените во состојките се случуваат дури и во времето на доењето.

“Познато е дека во текот на лактацискиот период мајчиното млеко ја менува својата состојба, па така од облик на жолта течност со висока енергетска вредност и нутритивен состав, колострум (првото млеко), низ преодниот период  го добива својот зрел облик”, истакнуваат нутриционистите.

Тие потсетуваат дека составот на мајчиното млеко е единствен и дека според нутриалната важност за нормално растење и развој на детето, содржи и многу биолошки активни сосојки како ензими, хормони, фактор за раст, антитела, имунолошки ќелии, но и живи мокроорганизми кои се сметаат како први пробиотици, па затоа доењето има многу позитивен допринос за растењето, развојот и здравјето на детето.

Нутриционистите укажуваат дека енергетските и нутривните потреби на доенчето брзо се менуваат во текот на неговата прва година од животот поради што доаѓа до промена на содржината на секоја состојка на мајчиното млеко.

Тие истакнуваат дека протеините во мајчиното млеко немаат само улога на храливи состојки, тие се многу повеќе, ги сочинуваат најголемиот број биолошки активни супстанци кои делуваат на развојот на целиот органски систем, а посебно на развојот на имунолошкиот, мозочниот и хормоналниот систем.

“Мајчиното млеко ги содржи сите аминокиселини и посебно-скроени-протеини точно спрема потребите на доенчето за да се осигура најдобар вградлив материјал за растење и развој на детето”, кажуваат нутриционистите. Тие додаваат дека освен што ги изградуваат и сите ткива на човечкиот организам, протеините од мајчиното млеко учествуваат и во варењето и искористувањето на другите хранливи состојки присутни во мајчиното млеко, одбраната на организмот од инфекција и регулирање на работата на имунолошкиот систем, со што се смалува можноста за развој на алергија.

Поновите начини на истражување потврдуваат дека протеините во мајчиното млеко имаат значајна улога во развојот на детскиот мозок, но и во претпазливоста за здебелување и болестите врзани со него, како што се кардиоваскуларни заболувања и дијабетис, и затоа протеините во мајчиното млеко претставуваат една од водечките теми во научно педијатарските кругови.

“Затоа овој совршен состав на единственото мајчино млеко не е можно да се замени со кравјо млеко, бидејќи тоа неможе да ги надокнади потребите на доенчето-неговата употреба како основно млеко во време на доењето може да има потешки последици на здравјето на бебето”.

Светската здравствена организација и Европското друштво за детска гастроентерологија, хепатологија и исхрана (ESPGHAN) советуваат на детето да му се даде кравјо млеко дури после наполнета една година од животот.

Оставете коментар