Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Проверка на слухот

Проверка на слухот

На првиот развоен преглед на вашето дете, помеѓу шестата и осмата недела, вашиот лекар ќе сака да знае дали постојат било какви сомнежи поврзани со слухот на детето и како истото реагира на вашиот глас дома. Доколку во семејството имате некој член кој има проблеми со слухот истото треба да му го кажете на вашиот лекар. Доколку постои било каков сомнеж вашето дете ќе биде прегледано на одделението за слух.

Со осум или девет месеци вашето дете ќе го има својот следен развоен преглед и во него е вклучен тест со параван за проверка на слухот кој ќе го спроведе вашиот здравствен работник.

Од тој период реакцијата на звуци треба да биде очигледна, вртењето на главчето додека му зборувате и реагирањето на различните звуци со различна висина и интензитет. Двете ушиња ќе бидат прегледани за да се открие доколку нешто било пропуштено.

Ако вашето дете е глуво или делумно глуво, неговиот говор нема да може да се развие по фазата на гугање и ќе забележите дека колку е повозрасно детето станува се потивко.

Секој проблем поврзан со слухот на вашето дете, веднаш штом се појави, треба да биде разгледан со вашиот доктор.

Оставете коментар