Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Прва Нова година со бебето

Прва Нова година со бебето

Дочек на Нова година со бебето

Ова е прва Нова година која ја славите во променет состав. Можеби ова не ви прво дете, но секако е прв дочек со новиот член во семејството. Мајките некогаш се уморни и не сакаат да чекаат помош, додека други се возбудени, но и малку разочарани што поминуваат постојано дома.

Ние ќе ви предложиме како овој дочек за Нова година да ви биде интересен и да ви остане во убаво сеќавање.

Завршете ја старата година со спомени

Ако имате време само за себе и семејството, евоцирајте спомени кои сте ги доживеале во оваа година. Ова е една од најважните години во вашиот живот, година во која вашето чедо го запозна овој свет. Прегледајте ја радосницата, албумите со слики и сликите во телефонот. Ако имате поголемо дете погледнете во календарот за празнични активности.

Направете семејна слика на последниот ден од годината

Последниот ден од оваа година е идеален за семејна фотографија. Со помош на селфи стапот или тајмерот на фотоапаратот, направете весела слика на сите во семејството и така испратете ја годината.

Убаво облечете се за дочекот

Тоа што не одите никаде не значи дека треба Новата година да ја дочекате нескоцкани. Спремете свечена тоалета за сите во семејството, а можете да отидете и на фризер и комплетно да се нашминкате. Чевли со високи потпетици се подразбира дека се задолжителни, а може и малку светки.

Нека сјае

И малите бебиња можат да ги видат силните бои. Купете конфети, светки, светкави ѓердани. Нека има многу шаренило и веселба. Немојте да се задржувате на китење на елката во две бои нека биде шарена, направете го домот таков во кој вашето бебе ќе биде најсреќно.

Дочек заедно со пријателите  и нивните деца

Можеби порано ова не ви изгледало како добра идеја, но сега е вистинско време да организирате прослава со пријателите кои исто така имаат деца. Најдобро е дочекот да го направите кај вас, ако вашето дете е најмало од сите.

За оваа прилика можете на шведската маса да додадете и понекоја кашичка и храна за бебиња, ако веќе почнало да јаде и нешто друго. Вам нема да ви наштети и некоја чаша вино и опуштање со пријатен разговор кога децата ќе заспијат. Ако доите, прочитајте по нешто за доењето и алкохолот.

Новогодишен ручек

Нема да одите на дочек во ресторан, но можете да одите на ручек на 31-ви Декември или на 1-ви Јануари. Распрашајте се кој ресторан не е задимен и доволно тивок за вашето бебе да може да ужива.

Потоа може да уживате во прошетка низ градот додека бебето ќе биде добро завиткано во количка.

Временска капсула

Направете временска капсула од работите кои се врзани за вашето бебе во текот на неговата прва година. Во кутијата ставете некое парче гардероба, четкичка, некористена пелена, слика и некои ситници и оставете ја на таван, подрум или некое друго сигурно место.

Отворете ја за најмалку 5 или 10 години. Тогаш ќе се изненади и ќе го разнежни тоа што ќе го види.

Првиот ден од Новата година

Организирајте го првиот ден по ваша желба. Поместете го одењето на гости, ако е можно за 2-ри Јануари. Заборавете на часовникот и цел ден поминете го во пижами, покрај телевизорот, со игри и уживање во кревет. Планирајте да има храна и за вас и да не мора да одите никаде. Наредните денови ќе има време да почнете да ги спроведувате новогодишните одлуки.

Оставете коментар
Close