Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Првa посета на фризерот: Како да ја направите попријатна?

Првa посета на фризерот: Како да ја направите попријатна?

Ако сеуште не сте го воделе детето на фризер, тогаш подгответе се дека ова нема да биде пријатно искуство. Следете го нашиот совет за да се справите со тоа!

Прв пат на фризер

Иако мајките го гледаат одењето на фризер како нешто пријатно, не очекувајте детето да го сподели вашиот ентузијазам кога прв ќе го однесете на шишање. Напротив, поверојатно е дека ќе негодува и ќе направи "циркус". И како не би? Се наоѓа во потполно туѓа околина, му ставаат пластична престилка и го врзуваат околу вратот, а потоа некоја непозната тетка му пристапува со ужасни ножици во раката ...

 

Сето ова е страшно и непријатно за него. Еве неколку совети кои ќе ја направат ситуацијата поподнослива.

 

Точно време

Ако вашето бебе е родено со многу коса и многу локни, првата фризура ќе биде потребна некаде на возраст од девет месеци. Меѓутоа, ако главата е покриена со меки прамени, првиот состанок со фризер може да почека до вториот роденден. Не постои вистинско или лошо време за првата фризура. Сето тоа зависи од вашиот вкус и должината на косата на бебето. Лошата вест е дека кога фризерката еднаш ги отсекува локните на бебето, постои голема веројатност дека тие никогаш нема да се појават (освен ако детето ја наследи вашата кадрава коса). Добрата вест е дека по шишањето на првата коса,онаа "другата" станува погуста и посилна.

 

Добра подготовка

Пред прв пат да го однесете вашето дете на фризер, претходно бидете подготвени: понесете го со себе кога вие се шишате, така што може да може да се увери дека шишањето на косата не боли и дека ножиците, во овој случај, не им прават на луѓето ништо страшно.

 

Избор на салон

Двегодишниците не сакаат промени и не се радуваат на непознатото. Затоа, за првата фризура, изберете салон каде што имаат искуство со работа со деца. Ова е многу важно затоа што треба да знаете дека децата се немирни и немаат трпение да седат мирни, па прво шишање треба да биде направено од страна на лице кое не е нервозно и кои ќе знаат како да го забавуваат детето и занимаваат за да не се движи. Најдобар начин да го направите ова е да пуштитеCD со цртан или некој детски филм.

 

Позитивен став

Ако се чувствував вашиот страв и немир, детето ќе биде повеќе нервозно и неговата прва посета на фризер, секако, ќе се претвори во циркус. Затоа, останете позитивни и кажете му на детето колку е фризурата забавна и како ќе изгледа како омилениот актер по напуштањето на салонот.

 

Добар тајминг

Водете сметка да го посетите фризерот во времето помеѓу ручекот и попладневниот сон, така што детето да не е ниту гладно ниту поспано. Меѓутоа, ако е

тој ден, генерално лошо расположено и плачливо (и тоа се случува), откажете го терминот и одложете ја "мисијата" за друг ден. Тоа е подобро решение отколку да го однесете во сила и со тоа, ќе му го "згадите" одењето на фризерот за подолг временски период.

Оставете коментар