Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Првите кондури: тврди или меки?

Првите кондури: тврди или меки?

Кога вашето бебе ќе почне да ги прави првите чекори, ноџињата ќе имаат блага 0 – положба, а стапалата сеуште ќе им бидат природно рамни. Долго се веруваше дека кондурите треба да имаат цврста пета и изразен лак на сводовите. Повеќето модели на кондури кои се продаваат и денеска сеуште изгледаат така.

Во последните неколку години, истражувањата за развој на стапалата покажаа дека стапалата кај бебињата најдобро се развиваат кога тие се боси. Во склад со тоа, идеалната кондура му пружа на бебето директен контакт со подлогата, пружајќи подобра рамнотежа и подршка на стапалата за подобро да се развиваат.

Нормално, детето не треба да оди надвор со боси нозе. Многу компании сега нудат голем избор на меки и платнени кондури кои овозможуваат кожата да дише и имаат лесни и меки ѓонови и кои го штитат стапалото на детето а воедно се удобни и не се лизгаат.

Кога и да можете купувајте кондури со лепенка. Така кондурите најдобро ќе се прилагодат на детското стапало и детето лесно ќе ги облекува и соблекува.

Оставете коментар