ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Работа на цревата кај бебе
    Работа на цревата кај бебе

    Работа на цревата кај бебе

    Трите главни карактеристики на цревните отпадни материјали се редовноста, бојата и цврстината. Кај здравото бебе можни се различни комбинации, варијации и отстапки од дадениве примери.

    Редовност: Бебето може да има осум столици дневно или една во три дена. Доените бебиња имаат столица почесто од оние хранети со адаптирано млеко бидејќи мајчиното млеко има лаксативен ефект.

    Боја: Во текот на првата недела, бебето ќе исфрли мекониум, амниотска течност што минала низ дигестивниот тракт. Оваа црно-зеленкава материја е дел од првичната инсталација во бебешките црева и мора да се исфрли пред да почне нормалното варење на храната. По првата недела, изметот на бебето ќе добива посветла зелена боја, се додека не стане жолт како сенф (кај доените бебиња) или боја на штавена кожа (за бебиња хранети со адаптирано млеко). Кога бебето ќе почне да јаде цврста храна, бојата на изметот ќе се менува во зависнот од оброкот.

    Цврстина: Мекониумот најчесто е густ и личи на катран. Доените бебиња ќе имаат потечна столица измешана со семчести парчиња. Бебињата хранети со адаптирано млеко ќе имаат малку потврда столица, со цврстина на мек путер.