Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Работи кои ги обожаваме кај новороденчињата

Работи кои ги обожаваме кај новороденчињата

Кога на свет ќе дојде прекрасно мало бебе, почнува божествениот дел од вашиот живот - мајчинството. Уживајте во вашето бебе додека е така мало, затоа што брзо се ќе се промени.

Овие 10 работи секој од нас ги обожава кај малите бебиња, а мајките посебно...

1.Прекрасно мирисаат

Постојат и научни истражувања кои објаснуваат дека ова е вистина. Бебето прекрасно мириса и доколку не го бањате. За неколку месеци тоа нема да биде баш така. Иако и понатака стално ќе ги мирисате.

2.Многу спијат

Бебињата брзо растат, а кога ќе помине овој период, ќе се сеќавате како убаво спиеле кога биле мали.

3.Изливи на нежност

Не можат да побегнат од вашата прегратка и стотиците бакнежи со кои непрестано ги опсипувате. Од една едноставна причина: сеуште не можат да одат.

4.За нив постоите само вие

Ве гледаат со поглед полн со љубов. Вие им пружате поддршка, храна и љубов. Околу втората година, погледите стануваат поинакви, а околу третата почнуваат да ги превртуваат очињата.

5.Малечки стопала

Брзо ќе пораснат па немојте да ги земате здраво за готово. Новороденчињата имаат најслатки мали стопала на светот.

6.Го следат вашиот глас

Начинот на кој ќе го протегнат своето вратче и ќе ја свртат главата во правец на вашиот глас е непроценлив. За неколку месеци ќе можете да зборувате во текот на целиот ден, но голема е веројатноста дека ќе наидете на игнорирање.

7.Толку се лесни

Нема да сакате да ја пуштите од раце својата среќа. И нема да ви биде проблем да го држите во прегратка, кога и да посака, колку и да посака...а секогаш ќе сака.

8.Мека кожа

Со прекрасниот мирис, од рака им оди и меката, меката кожа. Совршена за мазење.

9.Свиткани ноџиња

Макар и да спијат во кревет (голем за нив) нозете им се стално малку свиткани како кога биле во матката. Наскоро нивните раце и нозе ќе бидат во сите насоки притоа завземајќи половина од вашиот кревет.

10.Совршенство во секој поглед

Од смешната косичка или ќелавата главичка до малите прстиња на нозете, се на нив е совршено. Како растат и понатака ќе бидат најубави. Колку некогаш знае и да биде тешко со мало бебе, тоа се најубавите моменти од мајчинството кои никогаш нема да се вратат (барем не со истото дете). Уживајте во вашето мало совршенство секој ден, секоја минута, секоја секунда. И пратете ги во нивното растење...

Оставете коментар
Close