Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Работи кои гинеколозите не ги сакаат: На што треба да посветите внимание во тек на прегледот

Работи кои гинеколозите не ги сакаат: На што треба да посветите внимание во тек на прегледот

Погледнете ги петте работи кои гинеколозите ги издвоија.

Одењето на гинеколог за многу жени не е пријатно искуство. Меѓутоа, важно е да знаете дека редовните прегледи и отворениот разговор со специјалистот можат многу да допринесат за вашето здравје.

1.Извинете, не сум се средила

Нас не не интересира фрузурата. Имаме малку време да се концентрираме на прегледот и навистина не не загрижува ни ако нозете не ви се средени. Ние со тоа немаме никаква врска и тоа е тема на која навистина не би трошеле време.

2.Прескокнување на прегледи поради менструација

Менструацијата не е причина да не дојдете на преглед. Денешните тестови овозможуваат и тест за време на циклусот. 

3.Поставување на дијагноза

Секоја жена добро го познава своето тело, но кога се работи за секрет или други проблеми, многу жени сами поставуваат дијагноза, што може да има лоши последици.

4.Заборавате да ги споменете лековите кои ги пиете

Ниеден гинеколог не сака пациентка која е неодговорна спрема своето здравје и заборава да го спомне овој битен податок.

5.Доаѓање на преглед дури откако ќе се појави проблем

Некои жени одат на гинеколог дури откако ќе забележат некој проблем, а тогаш е веќе предоцна. Многу е важно жената да ја сфати важноста на редовниот преглед.

Оставете коментар