Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

РАБОТИ ЗА БЕБЕТО КОИ НЕ ТРЕБА ДА ГИ ПОДАРУВАТЕ

РАБОТИ ЗА БЕБЕТО КОИ НЕ ТРЕБА ДА ГИ ПОДАРУВАТЕ

Наследување на облека и предмети неопходни за носење, нега и грижа за детето е често помеѓу членовите на семејството и пријателите, но има работи кои не би требало да се дадат на друго семејство.

Иако е поедноставно и поекономично да го решите проблемот за потреба на нова облека со наследување од други деца, ова не е секогаш идеално решение. Постојат предмети кои е потребно да се купат на секое бебе, поради хигиенски и безбедносни причини. Се работи за следните предмети:

Облека која е исфлекана

Повеќето од луѓето не би поклониле облека со флеки, но сепак да нагласиме дека ова е едно од првите правила кога поклонувате користена облека.

Играчки за во кадичка

Овие играчки не се многу скапи, па не мора да чекате бебето да ги наследи од друго бебе. Можете многу пати да ги измиете, но личноста која го прима овој поклон никогаш нема да има впечаток дека е потполно хигиенски нејзиното дете да си игра со овие играчки, а тука е и опасноста од буѓа.

Хранилки кои не се по последните стандарди

Ако не сте сигурни дека столчето е безбедно, немојте да го подарувате или немојте да примате таков поклон. Тоа значи дека мора да има преградичка кој ќе се најде помеѓу ноџињата на детето како не би дошло до лизгање , тркалцата  треба да се закочуваат без проблем во секој момент, а склопувањето на хранилката да биде сигурно да не доведе до штипење, гребење и слично.

Седишта за автомобил кои не се безбедни

Овој дел од опремата спаѓа во предметите кои би требало да ги купите, ако родителите се во можност. Меѓутоа ако тоа не е случај, обавезно проверете дали компанијата која ги произведува сеуште ги пласира на пазарот или го променила артиклот. Се почесто сме сведоци на признавање на најугледните компании дека нивните седишта и колички не се безбедни, поради што милиони седишта се враќаат во фабриките.

Пумпа за млеко

Од хигиенски причини, во никој случај не ја поклонувајте на други својата пумпа и не употребувајте користена.

Цуцли

За квалитетна цуцла, која постојано ќе го прати вашето бебе не треба да се издвои многу пари, па затоа и од хигиенски причини не користете стара цуцла.

Расипани играчки

Поради тоа што може да делуваат и по малку омаловажувачки, скршените, изгребани и оддудвани играчки нема да му причинат задоволство на тоа дете што ќе ги наследи.

Облека која не ви се допаѓа

Поголем број од мајките со радост ја прифаќа облеката. Децата многу често ја израснуваат, а нема да стигнат некогаш ни еднаш да ја облечат. Меѓутоа не земајте облека која не ви се допаѓа и не поклонувајте на други нешто што и самите не би го облекле на вашето дете.

Оставете коментар