Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Рана бременост

Рана бременост

Дали сум трудна? На ова прашање жената многу лесно ќе одговори ако го слушне своето тело и ги прати симптомите кои се изразени доста често.

Симптомите на раната бременост се разликуваат кај сите жени индивидуално. Додека едните чувствуваат големи промени во метаболизмот, другите дури по изостанување на менструацијата можат да се посомневаат дека се трудни.

Првите рани знаци на бременоста се умор (жените често од необјаснива причина се поспани), чувствуваат мачнина, најчесто наутро, а неретко веќе во првите денови од бременоста им се лоши од мирисот на кафе или од некои карактеристични вкусови и мириси во кои до пред извесно време уживале. Исто така ќе имаат и потреба за некој вид на храна кој до тогаш и не го сакале многу.

Што се однесува на физичките симптоми, највпечатлива е промената на градите. Тие се зголемуваат, зацврстуваат, а брадавиците стануваат исклучително чувствителни и болни. Чувството кај некои жени е многу слично како во ПМС, па многу од нив мислат дека им се приближува циклус, наместо да се посомневаат на бременост. Уште една од честите нус – појави во раната бременост е и зголеменото мокрење.

Иако голем број од жените ги чувствуваат некои од наведените симптоми, на некои им се случува да сфатат дека се бремени дури кога ќе им изостане менструацијата. Што и да ве наведе да се посомневате на бременост, единствен и сигурен начин да се уверите е тестот за бременост. Тој се купува во аптеките и најефикасен е доколку се направи со првата утринска мокрача.

Не е невообичаено во првите неколку денови од зачнувањето да се појави и мало крварење. Тоа се нарекува имплантациско крварење и се појавува од 6 до 12 дена од зачнувањето, кога ембрионот се лепи за ѕидот од матката и поттикнува благо крварење пропратено со грчеви. Тоа не е опасно и не треба да ве загрижува, но со оглед на тоа дека сите симптоми укажуваат на менструација, внимание треба да се обрати на количината на крварењето која во овој случај е многу помала.

Со крварењето често се јавуваат и грчеви, кои се пропратени со болки во грбот. Трудниците може да имаат и чести главоболки кои се резултат на големите хормонски пореметувања.

Утврдување на раната бременост со преглед

Првата потврда за раната бременост секоја жена може да ја направи во домашни услови со тест за бременост.

Што ако тестот е позитивен?

Ако тестот е позитивен, следниот чекор е посета на гинеколог кој со гинеколошки преглед и ултразвук ќе потврди дека бременоста постои. Трудничкиот хормон HCG е зголемен во крвта веќе шестиот ден после оплодувањето, па жената и со контрола на крвната слика може да провери дали е бремена.

Сепак се препорачува одењето на гинеколог, кој доколку бременоста постои, со ултразвучен преглед ќе провери дали фетусот правилно се вгнездил во матката.

Оставете коментар