Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Расеченици кај децата

Расеченици кај децата

Кога бебето ќе стане поподвижно, на возраст од околу 9 месеци, тоа полека ќе почне да ја истражува околината во која живееме. Нормално, со тоа ќе се случат и несакани повреди кои ќе не остават без сон.

Во продолжение на овој текст ќе пробаме да ви помогнеме во превенцијата кај расечениците кои се случуваат доста често кај децата. 

Расечениците претставуваат повреди на кожата од остар предмет кои генерално заздравуваат за една недела до десет дена. Ако заздравувањето трае подолго, тоа може да укажува на секундарна инфекција.

Меѓу симптомите на инфицирана расеченица спаѓаат крварење, црвенило, оток или цедење на гној во близина на расеченицата.

Ако се сомневате дека расеченицата на бебето се инфицирала веднаш обратете се до лекарската служба.

Неколку чекори за постапување со расеченици:

1.Одмијте го местото со млака вода и со сапуница. Ако веќе не крвари, оставете да се исуши и продолжете со чекор 3.

2.Ако расеченицата крвари, директно притиснете со мека стерилна газа. Спојте ја кожата додека притискате врз расеченицата. По неколку минути проверете дали крварењето запрело.

3.Нанесете тенок слој на антибиотски крем на повреденото место.

4.Превијте ја раната или ставете ханзапласт. Во текот на денот водете грижа да не се извади. Лабавиот завој претставува опасност од задушување.

5.Секојдневно менувајте ги преврската или ханзапластот. Отстранувањето на ханзапластот ќе биде помалку болно ако лепилото го олабавите под млаз вода или во текот на капењето. Повторувајте ги сите чекори додека не заздрави расеченицата.

Оставете коментар