Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Развивање на бебето после 4 месеци

Развивање на бебето после 4 месеци

Со полни четири месеци бебето ве препознава, ви се смее, знае да ја држи главата, си игра со своите рачиња и почнува да остварува контакт со светот кој го опкружува.

Што знае бебето во четврти месец?

Бебето на 4 месеци знае да мрда, да клоца, да се врти на страна. Ако до сега спиело во количка или колевка, прав момент е да почне да спие во креветче со ограда, а ако во текот на капењето го поплави целиот под поради радост, можеби дошол моментот пластичната кадичка да ја ставите во кадата на мама и тато.

За вас овој период носи олеснителни околности и можност за подобро да го организирате денот. Сега може да одвоите и малку време само за себе.

 Како да го стимулирате вашето бебе?

-Зборувајте му на бебето додека го облекувате или го пресоблекувате.

-Подадете му два прста додека е во легната положба, ќе ги фати и прво ќе проба да ја подигне главата , а потоа и да се подигне во седечка положба.

-Не му облекувајте на бебето облека која го стега и му оневозможува движење. Детето има потреба да ги користи своите мускули и да ги открие сите можности на своето тело. Ако обрнете внимание на тоа што прави, ќе воочите што највеќе му треба и што е баш по негов вкус.

Развивање на личноста

Некои карактерни црти се забележуваат уште во првата недела. Има деца кои се поактивни и оние кои се помирни. Како поминуваат месеците карактеристиките на личноста стануваат се повоочливи. Има деца кои сакаат да зборуваат иако едвај знаат да кажат два неразбирливи збора и многу радосно и широко се насмевнуваат на сите и деца кои се повлечени.

Опкружувањето, образованието на личностите во околината секако ќе влијаат на идниот развој на карактерот со текот на годините. Детето не може да се “обликува” по ваша желба.

Поради тоа, веќе од првиот месец на неговиот живот, важно е да се почитува личноста на бебето, дури и ако се работи за ситници и ако не е така како што сте се надевале вие.

Кога детето ќе почне да ви се обраќа со гугање и подоцна со прашања одговарајте на секое негово прашање, така му давате значење на тоа што детето го прави.

Немојте никогаш да се смеете на неговите неуспеси и не го отфрлајте на емотивен план. Никогаш немојте да кажете:”мама нема веќе да те сака ако не бидеш добар/а”. Така нема да успеете да го смирите палавото дете, само ќе направите кај него емотивна несигурност. Учете го со почитување, дозволете му да биде она што е.

А вие? Дали сте забележале некои карактерни црти кај вашето бебе? Ве потсетуваат ли на тато, мама или можеби на баба или дедо?

 

 

 

Оставете коментар