Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

РАЗВОЈ НА БЕБЕТО: ФАЗА ПРЕД ПРВИОТ ЧЕКОР

РАЗВОЈ НА БЕБЕТО: ФАЗА ПРЕД ПРВИОТ ЧЕКОР

Некои деца проодуваат рано, веќе во десетиот месец, но има и такви кои не се брзаат многу. Стручњаците истакнуваат дека ако детето до 18 месеци не оди самостојно, но е здраво и добро напредува, не треба да се бара помош од лекар.

На одењето му претходат повеќе фази, но не е неопходно сите деца да ги поминат. Некои никогаш не лазат, други не одат на колена, а некои од седната положба тргнуваат да одат држејќи се за мебелот.

Војничко лазење

Движењето на лакти и нозе кои не се свиткани во колената, потсетува на движење на војник кој сака да остане незабележан. Обично ова е предходница на правото лазење.

Лазење

Децата обично почнуваат со лесно лазење после осмиот месец. Пред тоа на стомак набљудуваат се што се случува и обично некое време нишаат со газињата напред-назад пред да почнат со шетање на колена и на дланките.

Шетање на газето

Некои деца не сакаат да бидат на стомак па почетокот на лазење е одложен или воопшто го нема. Стабилно седат и во некој момент почнуваат да се влечат на газето, помагајќи си со рачињата. Децата во тоа знаат да бидат многу вешти и да се движат многу брзо.

Одење на колена

Некои деца помеѓу лазењето и одењето имаат фаза одење на колена-во таа положба се многу постабилни отколку на стапалата, а рацете им се слободни да земаат што им треба.

Одење со придржување за мебелот

Откако ќе успеат да станат држејќи се за ниското масиче или фотеља, децата најчесто ќе завршат на газето. Малку-помалку, силата во нозете ќе биде поголема па ќе можат да издржат и подолго време стоејќи. За брзо време ќе почнат и да одат придржувајќи се за се што ќе им се најде на пат.

Што е очекувано и за која возраст?

Пет до шест месеци: свртување во лежечка положба

Шест до осум месеци: самостојно седење

Девет месеци: лазење и шетање на газето

Дванаесет месеци: прв самостоен чекор

Развојот на секое дете е индивидуален, т.е не влијае на неговата спретност и координација па немојте да се загрижувате ако вашето дете некои од овие чекори во развојот ги направи многу подоцна. Ако мислите дека има причина за загриженост, обратете се на лекар.

Оставете коментар