Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Развој на бебето: Пресвртница на четири месеци

Развој на бебето: Пресвртница на четири месеци

Позади вас е првото тромесечие, кое можеби е и најтешко во овој период. Но тоа не значи дека можете да се опуштите - бебето од четири месеци бара активност!

Што прави сега?

На четири месеци бебето ги препознава блиските личности, но не сфаќа дека вие сте една иста личност - секогаш кога ќе ве види мисли дека тоа е некоја друга “вие”.

Сега сака да си игра па ќе ги фаќа предметите (играчките), особено оние со силни бои и се ќе става во уста. Ќе покажува интерес за своите раце кои сега се повеќе отворени.

Како да се комуницира?

Бебето ќе ви се смее, ќе пробува да го придобие вашето внимание и кога нема пред него да правите изрази со лицето.

Како можете да му помогнете?

Бебето сака кога го допирате. Секоја активност која ќе ви падне на памет, а вклучува допирање, ќе му биде на бебето од четири месеци многу корисна и интересна.

Дајте му да си игра со предмети со различна текстура, како дрвени лажици и други сигурни кујнски предмети или со хартија што пушта звук (шушти). Вклучете се во играта и нема да верувате но дрвената лажица може да биде многу интересна.

Ставете ја пред огледало и гледајте колку добро се забавува. Нема да знае дека тоа е неговиот лик во огледалото, но сепак ќе му биде многу интересно.

Оставете коментар