Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Ручек за вашите малечки: Кашичка од цвекло, телешко и компир

Ручек за вашите малечки: Кашичка од цвекло, телешко и компир

Со малку труд припремете за вашето бебе (постаро од 8 месеци) здрава, вкусна и весела кашичка...

Потребно е:

-40 грама телешко месо

-половина помало цвекло

-компир

Припрема:

1. Месото исечете го на парчиња, стаете го тенџере и прелијте го со вода. Кога водата ќе почне да врие, соберете ја пената, поклопете го и гответе на лесен оган околу еден час.

2. Излупете го компирот, измијте го и исечете го на коцки. Дваесет минути пред крај додадете го во тенџерето со месото и продолжете да готвите.

3. Исперете го цвеклото и гответе го одвоено околу еден час. Извадете го од вода да се олади и пополека отстранете ја кората.

4. Компирот, месото и половината цвекло измиксирајте ги со додавање на водата во која месото и компирот се готвеле.

Напомена:

-Цвеклото е намирница која се користи за лечење на анемија кај децата и возрасните. Од таа причина, другата половина изедете ја вие, затоа што и на мајките им е потребна сила и енергија.

-Телешкото месо е важен извор на протеини и железо во исхраната на бебето, а богато е и со калциум (дури 2-3 пати повеќе од свинското). Доколку немате телешко, можете да користите некое друго месо, како на пример пилешко, мисиркино...

 

 

 

 

Оставете коментар