Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

РУТИНСКИОТ РЕД ЗНАЧИ СРЕЌНО БЕБЕ

РУТИНСКИОТ РЕД ЗНАЧИ СРЕЌНО БЕБЕ

Како млади родители сигурно сте повеќето од времето збунети и во недоумца кога треба бебето да јаде, а кога да спие. Поставување на распоред и воведување на рутински ред би можело да помогне.

Прочитајте го краткиот водич за воведување на рутински ред, кој и вас и вашето бебе ќе ве направи среќни.

Сонот на бебето

Кога бебето ќе го донесете дома од болница се ви е необично, не сте ни свесни за промените кој ќе ви ги донесе тоа мало суштество. Бебето во почетокот лесно може да ги замени денот и ноќта. Ќе спие тогаш кога треба да јаде, ќе биде гладно тогаш кога треба да спие. На вас животот ќе ви се чини како хаос, ќе спиете кога ќе стигнете, ќе јадете кога ќе се сетите и така во круг. Олеснителна околност е дека бебињата го сакаат рутинскиот ред. Рутинскиот ред односно дневните предвидувања на бебето му даваат чувство на сигурност, се друго ги буни и ги вознемирува. Тука вие родителите доаѓате на сцена со смислен план. Најобичниот вечерен рутински ред пред спиење ќе ја намали вашата нервоза, знаете дека се ближи крајот на денот и дека ќе можете да се одморите. Првите неколку месеци нема да бидете во можност да го научите бебето да спие секогаш во исто време и ќе морате повеќе да му се посветите, но со време рутинскиот ред ќе ви помогне да држите се под контрола.

Нема потреба од стаклено ѕвоно

Додека вашето бебе спие по 16 часови дневно, но се буди на секои два часа барајќи да јаде изгледа по малку бесмислено да почнете да му воведувате рутински ред во спиењето, но ништо не ве чини ако пробате. Променете го однесувањето денски и навечер. Додека бебето спие денски не се лишувајте од слушање на музика и немојте да зборувате тивко, но кога ќе дојде времето за спиење дури и кога бебето ќе се разбуди затемнете го светлото, и смалете го тонот на музиката. Наранете го и спуштете го во креветчето. Нема играње и забава. За почеток одберете некое разумно време за спиење и неколку активности кои ќе ги правите пред спиење, секоја вечер. Читајте му книга, направете му масажа или искапете го за да се опушти. Не е битно што ќе правите, битно е да биде опуштено.

Избегнувајте го успивањето

Во повеќето случаи бебињата заспиваат после хранењето и преслекувањето. Колку побрзо утврдите од кој тип е вашето бебе полесно ќе можете да го одредите рутинскиот ред за спиење и да утврдите кога е поспано. Ако осетите дека бебето е поспано ставете го во креветче за само да си заспие. Избегнувајте го успивањето, било кога и на било кое место. Една од битните навики кои треба да му ги наметнете на вашето бебе-дете е да се научи да јаде на маса заедно со целото семејство. Откако бебето ќе почне да седи ставајте ја неговата столица за хранење на масата за ручек за време на секој семеен ручек. Дајте му на бебето да јаде било што, само да се чувствува како дел од нешто многу важно. Навиките на бебето правете ги спрема своите и афинитетите на бебето, иако некои шаблони кај сите бебиња можат да бидат слични, но тие имаат различни интересирања и различни работи кои ги прават среќни. Слушајте го своето бебе и откријте што највеќе му се допаѓа и тоа нека ви биде водилка. Се што мислите дека ќе му се допадне присвојте го како непишано правило.

Оставете коментар