Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Се ближи породувањето: Што ве очекува во последните месеци од бременоста

Се ближи породувањето: Што ве очекува во последните месеци од бременоста

8 Месец

Мајка

Од осмиот месец од бременоста, би требало почесто да одите на контрола. Заморот ќе ве прати често, затоа што ноќниот сон е пореметен со сталното барање на соодветна положба за спиење. Одмарајте се во текот на денот, прилегнете секогаш кога ќе почуствувате потреба. Зглобовите и прстите и понатака ќе ви отекуваат, а на овие непријатности ќе им се “придружат” и болки во грбот, проширени вени и хемороиди.

Можете да очекувате бебето да се “спушти”, односно неговата глава да се намести во карличниот дел и да се припреми за породување. Кога тоа ќе се случи, ќе ви биде полесно да дишете, но притисокот е преместен на доле, така што можете да очекувате проблеми со гасови и уште почесто мокрење.

Бебе

Како расте, бебето има се помалку простор, па секое негово движење ќе го чувствувате многу посилно. Веќе сега има свој ритам на спиење, така што ќе се менуваат периодите кога е будно и кога спие – вие тоа јасно ќе го почуствувате по неговата активност. И понатаму се здебелува, образите му се се подебели. Бебешката глава е потполно обликувана, но коските на главата не се сраснати, така што нејзината величина може да се прилагоди на породилниот канал.

9 Месец

Мајка

Во тек на деветтиот месец, веројатно ќе одите на лекар еднаш неделно. Проверувајте дали бебето се помрднува – барем десетина пати во текот на денот. Доколку ви се чини дека бебето е невообичаено мирно, обратете се на лекар. Секој ден можете да очекувате да почнат трудови.

Преслушајте се уште еднаш. Дали се ви е спремно? Ако е, искористете го времето до породување за одмор и собирање на сила за она што ве очекува.

Бебе

Бебето и понатаму добива во тежина. Дебелината е важна затоа што ја регулира телесната температура.  Влакната од бебешката кожа главно се губат, косата ја прекрива главата, а трепките и веѓите се потполно пораснати. На крајот од овој месец, бебето е тешко околу 3.400 грама, а долго 48 – 51 сантиметар, со можност за големи разлики. Но најважно е дека е спремно да се роди.

Оставете коментар