Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Седечка положба

Седечка положба

Бебињата сосема сами без потпирање, правилно седат во просек на осум месеци, некогаш порано, а понекогаш дури на дванаесет месеци. Некои се за тоа способни на 6,5 или 7 месеци, додека развојот на тонусот на африканските бебиња им овозможува да седат на 5 или 5,5 месеци.

Секако, вие бебето ќе го држите во седната положба, потпрено на себе многу рано, веќе од вториот месец и тоа ќе биде многу задоволно. Околу четврттиот или петтиот месец, ќе седи потпрено со перници и малку навалено наназад, затоа што може да се преврти напред.

Можете почнувајќи од вториот месец, да го пренесувате во неговата мала лежалка, каде што е во полулежечка положба, а потоа да го ставате во столица со наслон која се прилагодува, и потоа малку по малку ќе го исправате.

На бебето му е тешко од лежечка положба да премине во седечка. Многу бебиња можат да стојат фаќајќи се за шипките на оградичката, или за ивиците на креветчето, пред да успеат да седнат. Бебињата често стојат, а потоа паѓаат на задникот за да седнат.

Оставете коментар
Close