Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Секој родител би требало да го прочита ова емотивно писмо за Божиќ

Секој родител би требало да го прочита ова емотивно писмо за Божиќ

Прекрасното писмо кое го објави една учителка ќе го потсети секој родител поради што е важно ова празнично време.

Божиќ е се поблиску, а за многу родители тоа значи посета на трговски центри и потрага по совршениот подарок за своите малечки.

Без оглед на тоа дали спаѓате во таа категорија и дали чувствувате радост и исцрпеност (или можеби и двете) поради предстојните празници – ова прекрасно писмо кое овие денови кружи на интернетот е навистина вредно за читање.

Писмото го напиша една анонимна учителка, а го подели мајката на две деца, Орла Рал. Таа наиде на ова писмо сосема случајно и како што напиша на својот Инстаграм “едноставно мораше да го сподели”.

Исто така, им порача на родителите дека поентата не е во она што се наоѓа под божиќното дрво, туку во она што се наоѓа околу него.

Го пренесуваме писмото во целост:

“Драги родители,

Знам дека во ова време од годината постои притиок да направите волшебен и совршен Божиќ. Знам дека на своите малечки сакате да им ја дадете магијата на Дедо Мраз и да бидете сигурни дека тој ќе ги донесе најдобрите подароци, што понекогаш значи стрес за вас самите, но ви го пишувам ова како би ви открила една тајна.

Го пишувам ова како би ви кажала дека вашето дете ми зборува за божиќните празници кога ќе се врати назад на училиште. Децата ми зборуваат за деновите кога сите сте биле заедно во домот и сте гледале телевизија. Ми зборуваат за прошетките по најголемиот снег. Ми зборуваат како биле кај баба и како биле возбудени кога сте дошле по нив.

Ми зборуваат како сте им допуштиле да се прикрадат во вашиот кревет. Ми зборуваат и за тоа како сте играле карти, како сте оделе на базен и сте го заборавиле нивниот ручек. Ми зборуваат за тоа како за прославата за Нова година сте отишле кај своите пријатели и сте им допуштиле да бидат будни до полноќ. Ми зборуваат како сакале цел ден да бидат во пижами, а наредниот ден да одите на излет.

Ги спомнуваат своите подароци, но за нив Божиќ ве представува вас, вашата љубов, вашето време и сигурност. Вие сте нивниот најдраг подарок.

Среќен Божиќ!”

Оставете коментар
Close