Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

ШЕСТ РАЗЛИЧНИ ЛИЧНОСТИ НА БЕБЕТО

ШЕСТ РАЗЛИЧНИ ЛИЧНОСТИ НА БЕБЕТО

Додека се занимавате со одгледување на детето, внимателно следете го развивањето на личноста на детето. На тој начин откривате во какво дете ќе израсне вашето бебе. Децата најчесто се поделени во шест основни типови.

Шармер

Тие одма се препознаваат-тое се бебиња кои нон стоп се смеат и ги забавува смеењето на другите како и нивната позитивна енергија. Воодушевени се кога имаат публика.

Страмежливи

Повеќето деца имаат напади на страмежливост, но типот на детето на кое се мисли е тоа дете што избира неколку луѓе во чие друштво се чуствува најпријатно (обично тоа се родителите, браќата и сестрите) и само тие му недостасуваат да се чувствува сигурно.

Осетливо бебе

Кога бебето е осетливо, има можност да биде под влијание на расположението на луѓето кои се околу него. Се плаши од бучава, не сака изненадувања или чести промени. Осетливите деца сакаат стабилност.

Посматрач

Тоа е дете кое го гледа светот со голема љубопитност. Таквите деца не бараат некој посебно да ги занимава-нив разгледувањето на околината и луѓето им е доволно интересно и забавно.

Флегма

Овој тип на дете е опуштено и убаво му е во секаква средина, положба и ситуација. Ако сепак сте помислиле дека имате добро дете, значи дека вашето дете е флегма.

 

Дете што бара повеќе

Тоа е баш дете што бара повеќе во секој поглед, обземено е со емоции и насочено на работи кои него му се важни. Овие деца некогаш може да бидат тешки но често ќе пораснат во многу интелегентни луѓе.

 

Оставете коментар