Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Широк повој

Широк повој

Зошто неонатолозите, детските ортопеди, радиолози и физотерапевти препорачуваат широко повивање во првите месеци од животот на бебето?

Овие превентивни мерки имаат за цел можните развојни пореметувања на колковите да ги усмерат кон нормализирање и да ги отстранат надворешните фактори кои можат негативно да влијаат на развојот на нестабилниот колк. Положбата на нозете кога тие се составени и испружени е штетна за развивање на колковите и поради тоа се инсистира на широко повивање. Во земјите со топла клима (како кај африканските), мајките ги носат децата во марами, во “јавачка”положба и во тие земји исчашувањето на колковите е реткост.

Широкото повивање на бебињата подразбира раширени нозе во зглобот на колкот односно свиткани во зглобот на колената, или така наречени слободни нозе. Оваа положба е физиолошка затоа што новороденчето ја завзема и спонтано, а тоа секако е и превентивно за да не се развива пореметување на  колковите. На бебето треба да му се овозможи ширина во движењето на колковите со што ќе му се помогне за правилно формирање на зглобот на колкот. Секој начин на повивање кој го овозможува ова е варијанта за широко повивање.

Каj“класичното” широко повивање, се ставаат две тетра пелени, или една за еднократна употреба а другата тетра, и шведска пелена. Кога се поставува шведската пелена (која многу често е голема за новороденчињата и за поситните бебиња) важно е да се води сметка нозете да бидат слободни, односно долната ивица на пелената да биде над колената и да не го спречува движењето.

Има мислење дека и повивањето само со пелена за еднократна употреба е еден вид на широко повивање, затоа што тоа дава потполна слобода во движењето на колковите, а бебето нозете ги држи широко раздвоени.

Аргумент за ова мислење е дека денес со ехо снимање развивањето на повивањето на колковите се открива многу рано и затоа не е неопходно да се примени широкото повивање кај сите деца.

Тоа во што сите се сложуваат е дека класичното повивање, кое долго се користи кај бебињата на нашите простори (бебето е како кифла, со испружени, составени и цврсто замотани нозе) е многу штетно за развивањето на колковите на новороденчињата.

Има многу дилеми дали и до кога да се користи широко повивање. Некои педијатри и физиотерапевти препорачуваат широко повивање до третиот месец, а некои до шестиот.

Без разлика што на запад, широкото повивање не е распространето, а и кај нас повеќето лекари го сметаат за непотребно, повеќето од лекарите не гледаат причина зошто овој метод на повивање би се исфрлил од употреба ако дава добри резултата, а при тоа не му штети на бебето, ниту пак му пречи. Факт е сепак, дека тој не е поволен за родителите и поради тоа тие не му се наклонети.

Оставете коментар
Close