Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Што може да почувствува бебето во стомакот?

Што може да почувствува бебето во стомакот?

Веќе кон крајот на првиот триместар, односно третиот месец од бременоста, се развива осетот за слух. Веќе од тогаш на бебето можете да му пуштате смирувачка музика, која ќе го стимулира лачењето на ендорфин и со тоа ќе го подобри неговото расположение.

Во петиот месец од бременоста ќе можете да ги почувствувате реакциите на бебето на одредени звуци. Може да се случи да почне да препознава одредени звуци и да ги почувствувате неговите движења кога ќе го чуе гласот на таткото.

Силните звуци можат да го упплашат бебето. Затоа зборувајте нежно, за бебето да се чувствува безбедно и смирено. Плодовата вода ги загушува звуците и бебето не може да слуша многу јасно. Ако дојдете во ситуација да морате да реагирате гласно, не се грижете. Некои стручни лица тврдат дека за бебето е добро да ги проживее различните емоции на мајката додека е во стомакот и дека тоа ќе помогне за подоцна подобро да се адаптира на животот.

Бебето во стомакот може и да гледа, но не и јасни слики. При силно светло тоа гледа портокалови и црвени сенки, како што гледате вие кога на сонце ќе ги затворите капаците од очите.

Веќе од четвртиот месец на бременоста бебето може да реагира на светло, така што ќе се сврти кон светлото или спроти него.

Вашето бебе во стомакот ги чувствува вашите емоции. Потрудете се да бидете смирени, како и бебето би било смирено, размислувајте позитивно.

Зборувајте му со нежен глас. Ова е вашето заедничко единствено време и никогаш нема да се повтори. Пробајте да го вклучите и таткото, како бебето би го запознало и неговиот глас.

Движете се полека. Вашите движења кога сте во лесна прошетка го успиваат бебето во стомакот. Кога ќе се роди и понатака ќе го успиваат движењата на кои се навикнало.

 

Оставете коментар