Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Симптоми кај децата кои не смееме да ги игнорираме

Симптоми кај децата кои не смееме да ги игнорираме

Дознајте кои симптоми кај децата никако не смееме да ги игнорираме и што тие значат.

Многу родители креваат паника кога нивното дете ќе кивне или кога му тече носот и во истиот момент го носат детето на лекар. Од друга страна некои луѓе се научени да се носат со здравствените проблеми на детето и не претеруваат околу најмала болка. Меѓутоа, некои симптоми, сепак не смееме да ги игнорираме.

Проблеми со видот

Бебињата не можат да ви кажат дека видот им е замаглен, но вие тоа можете да го забележите ако на пример на вашето дете му е тешко да се фокусира на одреден објект. Децата на школска возраст можат да имаат проблем со читањето, па вие запрашајте го вашето малечко дали во училиште гледа се што пишува на таблата, затоа што често се случува поради проблеми со видот детето да има проблем во училиште, а тоа едноставно не гледа добро што учителот пишува и не може да ги прати лекциите.

Висока температура и тешка главоболка

Децата често имаат зголемена телесна температура предизвикана од помали инфекции и тоа е најчесто состојба која нивниот организам лесно ја победува. Но, ако се работи за зголемена телесна температура пропратена со главоболка, особено ако таа е толку силна што детето не може да ги држи очите отворени, веднаш посетете педијатар.

Болка во стомакот

Некои деца имаат чувствителен дигестивен систем и често ги боли стомак, главно после внесување на некоја храна која не им одговара. Но, ако забележите дека детето се жали на болка во долниот десен дел од стомакот, повраќа, има дијареа и стомак чувствителен на допир, работите се можеби сериозни па затоа задолжително посетете лекар.

Екстремен замор

Доколку забележите дека вашето дете е поуморно од обично и ја нема онаа енергија на која сте навикнале, немојте тоа да го игнорирате и да го препишете на недостаток на сон. Причини може да има повеќе а на лекарот е да ги истражи. Некои од нив можат да бидат анемија, главоболки или депресија.

Проблеми со дишењето

Астмата е се почеста болест меѓу децата и секоја година нејзината појава се повеќе се зголемува. Како би ги препознале симптомите, немојте да ја игнорирате задишаноста на детето при физичка активност, пискавиот звук при издишувањето, потешкотиите со дишењето или бавното опоравување од респираторна инфекција.

Екстремно чувство на жед

После неколку часа трчање и игри со врсниците, вашето дете ќе биде жедно, нормално, но екстремната жед е потполно поинаква. Доколку видите дека детето пие премногу вода, известете го лекарот затоа што може да се работи за првите знаци на дијабетес.

Оставете коментар