Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Сировите јајца не се опасни за здравјето на бремените жени

Сировите јајца не се опасни за здравјето на бремените жени

Британскиот советодавен одбор кој се грижи за микробиолошките испитувања на производите за исхрана, објави нова информација во врска со конзумирањето на сировите јајца во бременоста...

Бремените жени веќе не треба да се плашат да конзумираат сирови јајаца, откриле британските стручни лица.

Овој Британски Советодавен одбор го оценува степенот на ризик од труење кога е во прашање конзумирање на одредени производи, а конзумирањето на сирови јајца во бременоста има “многу низок”  степен на ризик.

Наведено е дека сировите или недоварените јајаца слободно можат да ги конзумираат и чувствителните групи, како повозрасните луѓе и бремените жени.

Британската Агенција за стандардна храна (FSA) дополнително ја истражувала оваа област и објавила дека од последниот извештај направен на оваа тема, дошло до многу големо намалување на бројот на случаи заразени со салмонела.

Сепак, се наведува дека сировите јајца за да бидат сигурни за употребување и кај бремените жени, потребно е да се чуваат на правилен начин и да се конзумираат во рок од еден месец.

 

 

 

 

 

 

 

 

Оставете коментар