Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Следење на отпадните материјали, работа на мочниот меур кај бебе

Следење на отпадните материјали, работа на мочниот меур кај бебе

Кај родителите понекогаш се јавува интерес за следење на работата на органите за исфрлање на отпадни метеријали. Многумина користат табели за да ги прибележат таквите информации, што потоа можат да им  бидат корисни на сервисните служби, особено ако бебето страда од пролив или од запек.

Работа на мочниот меур

Тука ќе има разлики од бебе до бебе, но бебињата во принцип уринираат од 4 до 15 пати дневно. Ако бебето навлажни помалку од 4 пелени дневно, можеби е болно или дехидрирано. Обратете се на педијатар.

Кога се следи работата на мочниот меур, секоја мокра пелена се бележи како една нужда, дури и ако ви изгледа дека бебето двапати или трипати уринирало во истата пелена. Ставете си цртка.

Совет : Голем број пелени за една употреба имаат толкава моќ на впивање што станува тешко да се каже дали се влажни. Ако ставите мало парче памучна газа во пелените ќе ви биде полесно да одредите дали пелените се навистина мокри.

Оставете коментар