Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Со доење против килограмите

Со доење против килограмите

Доењето може да согори помеѓу 600 и 1000 калории дневно во зависност од апетитот на бебето и неговата старост. На вашето тело му се потребни дополнителни 200 – 500 калории енергија дневно само за производство на млеко.

Истражувањата покажуваат дека мајките кои ги дојат своите бебиња брзо губат од тежината која ја добиле во текот на бременоста, за разлика од мајките кои своите бебиња ги хранат со млечна формула.

Треба да се знае дека и пребрзото слабеење (повеќе од 2,5 килограми неделно) може да доведе ослободувањето од токсини да се одигрува и преку мајчиното млеко, што секако не е добро.

Пробајте да конзумирате многу овошје и зеленчук, житарици, храна со ниска масленост и многу вода.

Некои добри примери се овесната каша, оревите, јогуртот без масти, зелената салата, интегралните тестенини и многу овошје, на пример портокали, банани, ананас.

Можете да јадете се што ќе посакате се додека е умерено.

Многу е важна и умерената физичка активност.

Истражувањата покажуваат дека мајките кои се изложени на стрес потешко се ослободуваат од вишокот на килограми.

Исто така, пожелно е да си обезбедите и  8 часа сон дневно.

Многу жени мислат дека со доењето ги задржуваат килограмите затоа што јадат повеќе за да обезбедат квалитет и квантитет на млекото, но со доењето не се гоите, напротив. Интересен  е податокот дека мајките кои дојат и јадат само кога се гладни можат да изгубат 0,5 килограми месечно повеќе од мајките кои не дојат.

Треба да се избегнува конзумирањето на храна за ослободување од стресот. Поголемиот број од мајките кои дојат ја враќаат својата телесна маса за шест месеци. Затоа само продолжете со доење, така правите добро за себе и за вашето бебе.

 

Оставете коментар