Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Совети како да го смирите бебето кое има грчеви

Совети како да го смирите бебето кое има грчеви

1.Замотајте го бебето во пелена

Кога бебето нервозно плаче поради грчевите кои го мачат, тоа реагира на сите стимулации, со тоа што некои му годат а некои уште повеќе го раздразнуваат. Вашето бебе може да го смири доколку го замотате во пелена, затоа што на тој начин ќе спречите нервозно да ги грчи рацете и нозете. Така замотано шетајте го низ собата, полека лулкајте го, зборувајте му или тивко пејте му  додека не се смири.

2.Лулкајте го

Бебето во повеќето случаи многу позитивно реагира на движење и лулкање. Веројатно ќе му годи да ги почувствува вашите срцебиења додека го носите во кенгур носилка. Исто така и лулките прилагодени за најмалите возрасти можат да бидат од корист. Удобна и безбедна лулка (со сигурносни каивчиња) сигурно ќе помогне да се смири и да се опушти.

3.Ставете го бебето во близина на константен звук

Додека се во матката бебињата го слушаат звукот на течноста која се движи околу нив. Поради тоа на бебињата кои се вознемирени им годи да слушаат константен звук или шум кој ги потсетува на безгрижноста додека биле во стомакот на мајката. Постојат низа на производи кои може да произведат звук, а родителите обично советуваат дека од помош им се и куќните апарати кои испуштаат константен звук и вибрации, како што се машината за перење на садови или сушење, правосмукалката... Исто така, можете да му пуштите и ЦД со звук на бранови од океан или некои други смирувачки звуци.

4.Посветете внимание на тоа како го храните бебето

Доколку го доите бебето во исправена положба, ќе му го олесните варењето и помалку ќе голта воздух во текот на хранењето. Дури постои мислење дека во Мексико, земја каде што постои традиција бебињата да се хранат во исправена положба, малечките поретко патат од грчеви отколку оние родени во земјите каде децата вообичаено се хранат во водоравна позиција. Исто така, доколку не го доите бебето и морате да го храните од шише, секогаш користете мало шише кое би требало да биде наполнето до врвот, затоа што во него ќе има помалку воздух отколку во полупразните шишиња.

5.Масирајте го или чешкајте

Нежната масажа или лесното чешкање на бебето по грбот лесно може да го смири вашето бебе кое има грчеви.

Со оглед на тоа дека грчевите се јавуваат доцна попладне или навечер (многу често во исто време), пробајте да ги стимулирате со масажа. Освен тоа, многу е важно бебето да чувствува дека сте смирени, затоа што многу добро може да ја почувствува вашата нервоза и напнатост.

6.Водете грижа како се храните

Во некои случаи причината за појавата на грчеви кај бебињата може да бидат и намирниците кои ги конзумирате, а кои предизвикуваат грчеви кај бебето. Додека ги доите своите малечки потрудете се од секојдневната исхрана да ги исфрлите намирниците кои предизвикуваат подуеност како што се брокули, зелка, карфиол, грав, грашок, како и многу зачинета храна.

 

 

 

Оставете коментар