Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Совети од Спец. Д-р Софија Груевска за Ран детски кариес - циркуларен кариес од ПЗУ Илумидент

Совети од  Спец. Д-р Софија Груевска за Ран детски кариес - циркуларен кариес од ПЗУ Илумидент

Циркуларен кариес претставува ран детски кариес кој има специфичен облик и ги зафаќа млечните заби во првите неколку години кај детето. Се нарекува уште и “baby bottle caries” бидејќи исхраната преку цуцла е пресудна за развивање на овој тип на кариес. Се локализира кружно околу вратот на млечните заби пред се на горните запчиња бидејќи најчесто тие се тие што први изникнуваат и се најдолго изложени на негативните влијанија. Исто така, зошто најчесто се зафатени горните запчиња е и фактот дека одреден дел од малите деца не ја затвораат целосно устата при спиење а со тоа има недостаток на плунка и процесот на самочистење е отежнат.

Причина за појава

 Како главна причина за појавата на циркуларниот кариес претставува фрекфентна и континуирана изложеност на шеќери особено во текот на ноќта (млеко, засладен чај, сок). Додека детето спие е период во кој протокот на плунка се намалува со што им се овозможува на бактериите да се активираат. Ваквите бактерии ги разложуваат шеќерите на киселини кои пак го размекнуваат емаилот кое резултира до кредасто бело пребојување. Доколку навремено не се санира тоа кредасто бело пребојување преминува во темно кафеаво пребојување кое се карактеризира со одронување на емаилот.

Како друга причина за појава на циркуларен кариес се наведуваат и бактериите како во устата на бебето така и во устата кај мајката.

Бактериите во устата кај детето најчесто потекнуваат од мајката која е примарен носител за бактеријата Streptococcus mutans.Затоа одржувањето на оралната хигиена кај мајката има голема улога во тоа дали ќе се создаде циркуларен кариес или не. Според истражување на O’Sullivanand, Tinanoff, објавиле дека 70% од испитаните деца кои заспивале со шише не развиле циркуларен кариес. Притоа дошле до заклучок дека користењето шише/цуцла навечер и S.mutans се неопходни, но не и пресудни и доволни фактори. Како дополнителни фактори ги наведуваат генетиката и одржувањето на оралното здравје. 

Како да се избегне појавата на циркуларен кариес?

 Терапијата за овој тип на кариес е долга и комплексна. Пред сѐ, најважна е превенцијата односно одржувањето на добра орална хигиена првенствено кај мајката и кај бебето. Од самото раѓање до појавата на млечните заби , устата на бебето треба да се чисти со газа потопена во вода после секој оброк а исклучително е важно тоа да се прави навечер. Со појавата на првите млечни заби треба да започне и навиката на детето за четкање на забите минимум два пати дневно (по доручек и навечер пред спиење).

 Создавање на корисни навики од најмала возраст 

- Едукација која е главно насочена кон родителите за тие да можат да ги применуваат советите и воедно да ги учат нивните деца зависно од возраста

 -Топична апликација односно премачкување на забите по нивно четкање со паста Tooth Mousse која е на база на калциум и фосфатни јони кои формираат обвивка и на тој начин заедно со флуорот создаваат соединение кое го заштитува забот од понатамошно ширење на кариесот

- Посета кај стоматолог помеѓу втората и третата година од детето како и редовни контроли кај стоматолог на родителите за одржување на здраво и санирано забало 

- Да се избегнува внесот на шеќери (овошни сокови, млечни формули, засладени чаеви) 

- Навикнување на детето да пие од чашка по навршувањето на една година и одвикнување на детето од користење на цуцла

За сите совети и прегледи кои ви се потребни за вашето дете ќе може да ги најдете во ПЗУ Илумидент 

Контакт 071/218283

 

 

Оставете коментар
Close