Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Совети за фотографирање на бебето

Совети за фотографирање на бебето

Како да фотографирате бебе до една година?

 

Фотографирањето на бебето во голема мера зависи од возраста, па најдобро ќе видите на вашите фотографии како детето напредувало и како тоа се повеќе и повеќе позира.

 

Од 0 до 3 месеци: осевен лежечки, за која било друга поза, треба некој да го држи бебето.

 

Од 3 до 6 месеци: бебето може да ја држи главата самостојно, но сепак претставува многу ограничена поза.

 

Од 6 до 9 месеци: бебето веќе почнува да седи само. Сега можете да го наместите за фотографија, но не очекувајте да остане мирно долго време. Бидете подготвени да реагирате брзо, и ако имате малку побавен уред, можно е дека сè што може да постигнете е да го снимате бебето во движење.

 

Од 9 до 12 месеци: бебето веќе е кренато независно и почнува да оди и затоа што е сеуште несигурно оди полека и Вие може убаво да го сликнете.

 

Кои мигови треба да ги фотографирам?

Веројатно ќе ги направите најдобрите фотографии кога најмалку ќе се надевате.

Освен поважните моменти, како првото пливање, одење, лето, први чекори, семејни собири, можете слободно да го носите апаратот со вас во секое време. Бебињата се непредвидливи, така што најверојатно ќе ги направите најдобрите фотографии и снимки кога најмалку се надевате - токму кога бебето е во расположение.

 

Постарите бебиња едноставно знаат кога не сакаат да бидат фотографирани; па треба да се создаде пријатна атмосфера за да ги опуштите. Играјте го, пејте му, забавувајте се. Кога ќе забележите дека е релаксирано, реагирајте брзо и направете неколку снимки бидејќи веројатно ќе забележи дека нешто се случува и можеби ќе почне да ви плаче. Ако има соодветно осветлување, не користете блиц, бидејќи е можно детето дури и да не забележи што се случува, за да можете да креирате серија добри слики.

Исто така, не заборавајте за семејните портрети. Денес, повеќето дигитални фотоапарати имаат можност за одложено снимање, па затоа не морате да побарате некој да ве слика, , или да сликате "од рака". Ако немате статив, најдете најдоброто место за да го поставите вашиот фотоапарат и бидете подготвени дека вашата слика не може да биде идеална првите неколку пати, но со време ќе биде подобро и подобро.

 

Како да ги направите најдобрите фотографии на вашето бебе?

 

Експериментирајте со аглите и перспектива, но обрнете внимание на она што стои зад бебето и каква е позадината. Избегнувајте премногу шарени позадини со јаки бои. Покрај тоа, внимавајте, сигурно не сакате во позадина да видите канта за отпадоци, хаос на масата и слично на вашата убава фотографија.

 

Фотографирајте разни "активности"! Понекогаш е досадно да се гледаат фотографии каде што сите едноставно позираат, па обидете се да ги "фатите" вистинските моменти кога сите се преокупирани со нешто ...

 

Од друга страна, преубави се фотографииите на кои бебиња спијат или се будат и нема лице што нема да се разнежни кога ќе види бебе кое спокојно и безгрижно спие.

 

На крајот, не треба да се заборави дека безбедноста на децата секогаш треба да биде на прво место и никогаш да не ја загрозите за добра фотографија.

Оставете коментар