Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Што би требале да избегнувате во исхраната на бебето во првата година

Што би требале да избегнувате во исхраната на бебето во првата година

Доколку сакате да ги избегнете алергиските реакции на некои од овие намирници, најдобро е да почнете да ги користите во исхраната на бебето после првиот роденден...

Кога на бебињата им се воведува цврста храна, се воведува постепено и по препорака од стручни лица. Секоја мајка со тек на време прави свој единствен пристап на хранење на детето и се труди да одговори на неговите потреби.

Иако листата на намирници кои бебето смее да ги јаде по навршена една година е прилично долга и обезбедува внес на најнеопходните хранливи состојки, треба да се обрати внимание и на намирниците кои по правило не им се даваат на бебињата пред првиот роденден.

Список со намирници кои не се препорачливи во првата година од животот на бебето се:

-мед;

-чоколадо;

-белка;

-јагоди, малини и капини;

-цитруси;

-лешник, орев, бадем и кикирики;

-квасец;

-еурокрем;

-какао;

-школки 

Имајте во предвид дека за растот и развојот на детето многу е важно паметно и внимателно да ги одбирате намирниците и на време да створите здрави навики на хранење.

 

 

 

 

 

Оставете коментар