Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Што е Aпгар оценка

Што е Aпгар оценка

Оценката на Апгар е збир од оценките кои бебето ги добива по раѓањето и кои ја одредуваат неговата состојба и потенцијалната потреба за итно реагирање.

Што е оценето според резултатот на Апгар:

срцевите отчукувања;

плачот и дишењето;

мускулен тонус;

реакција на допир;

боја на кожата.

Кои оценки може да ги добие бебето?

Во зависност од состојбата, за секој даден параметар, се добива нула, еден или два бода. Бебето се оценува по првата минута и по петтата минута од породувањето и добива две оценки (пр. 10/10).

Вкупно 10 е највисока оценка и означува одлична состојба. Оценката 9 сеуште е одлична, оценката 8 означува дека бебето е малку заморено, додека оценките 5, 6 и 7 се знак на полоша состојба и на такво бебе му е потребна помош по раѓањето.

Оценките 4 и подолу се знак дека бебето му треба интензивен надзор и помош и сместување за полуинтензивна или интензивна нега.

Оставете коментар