Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Што е тивок рефлукс кај бебето?

Што е тивок рефлукс кај бебето?

Како тивкиот рефлукс се разликува од нормалниот рефлукс?

Нормалниот рефлукс е кога бебето го исфрла млекото кое се враќа од неговиот стомак. Меѓутоа во некои случаи, бебињата успеваат млекото кое се враќа повторно да го проголтаат наместо да го исплукаат. Кај некои бебиња, млекото почнува да се враќа но не стига до устата. Ова е познато како тивок рефлукс.

Симптоми на тивок рефлукс

Тивкиот рефлукс не е секогаш очигледен. Бебето многу ќе плаче, особено по хранењето. Кога ќе го испие млекото, многу брзо ќе почне да има проблем и ќе станува плачливо, раздразливо и немирно.

Ако забележите дека бебето голта по оброкот во време кога веќе сигурно нема млеко во устата, може да се случи да има тивок рефлукс. Тоа се случува кога содржината од желудникот доаѓа до грлото на бебето, што му предизвикува голема непријатност, особено ако лежи. Можеби ќе забележите и дека станува понервозно непосредно по оброкот.

Како да се соочите со тивкиот рефлукс кај бебето?

Овој проблем е исто проблематичен како и обичниот рефлукс. Можеби немате проблем со чистење на она што бебето ќе го поврати, но ќе се соочите со слични проблеми кога е хранењето во прашање. Нормално е да се чувствувате нервозно и напнато, но знајте дека ова е фаза која ќе пројде.

Како да ги намалите проблемите со тивкиот рефлукс?

За да ја спречите појавата на тивок рефлукс:

-хранете го бебето во исправена положба и правете чести паузи за бебето да подригне,

-подигнете го душекот во креветчето со поставување на книга под душекот, така што бебето ќе биде подигнато,

-носете го бебето во адекватна марама или кенгур во исправена положба,

-консултирајте се со педијатар кога да воведете цврста храна. Бебињата со рефлукс обично почнуваат порано со истата од останатите бебиња,

-немојте да го прекинувате доењето, затоа што мајчиното млеко е најдобра храна за бебето.

 

 

 

 

Оставете коментар
Close