Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

ШТО МОЖЕТЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД ДЕТЕ НА ВОЗРАСТ ОД 3-5 ГОДИНИ

ШТО МОЖЕТЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД ДЕТЕ НА ВОЗРАСТ ОД 3-5 ГОДИНИ

Децата на возраст од 3-5 години покажуваат неверојатен потенцијал за разни работи. Во некои ситуации ќе ве изненадат пријатно, а од време навреме и ќе ве збудалат, но најважно е да останете смирени и на крајот на краиштата ќе имате добра забава.

Вразумување и веселба

Околу третата година ќе имате чувство како вашето дете да се вразумило. Децата на оваа возраст стануваат дружељубиви и независни. Забавни се и весели, па времето што ќе го поминете во нивно друштво ќе ви биде право уживање. Сакаат да трчаат, да скокаат, се качуваат-како низ домот така и надвор. Се може да им биде смешно, особено преправањето, па затоа кловновите ги фасцинираат.

Силни на зборови

Детето сега може да ви каже што сака, дури и ако не ги изговара точно зборовите и не склопува многу разбирливи реченици. Бидејќи речникот му се збогатува, може да ги искаже и своите чувства. Оваа можност е од голема корист во секојдневната борба со браќата и сестрите, со другарите од градинка или од соседството и секако со родителите. Исто така, можат да кажат и што сакаат да јадат.

Слобода на родителите

Новите способности на детето на родителите им даваат поголема слобода, но не ја смалуваат потребата дека треба да се надгледуваат. Така, кога детето ќе  совлада за што се употребува нокширот, со тоа ќе ве ослободи од менувањето на пелените, но ќе добиете нова задача да проверите секој пат дали добро ги измило рацете. На оваа возраст детето знае и само да јаде, така ќе треба да се посветите на тоа како да го научите на убаво однесување и да разговарате во текот на јадењето.

Нови откритија

Во четвртата и петата година на животот децата со голем ентузијазам и мечтаење учат и откриваат нови работи. Ги интересираат броевите и буквите , околу петиот роденден може да си го напишат и името. Ќе приметите дека детето сака да учи на спонтан, забавен и креативен начин. Ова е добар момент да си играте заедно во кујна и да го научите повеќе за разноликоста на храната и на проста математика. Можете заедно да ги изброите јајцата..Поставување на масата претставува броење, од бројот на луѓето до бројот на лажиците и вилушките.

Земете длабоко воздух

Колку и да ви се чини дека детето сега е поразумно и дека е можен договор со него, немојте да се изненадите од неговото тестирање и “испитување на границата”. Се почесто ќе се кара со вас околу изборот на храната и ќе морате да ја докажете вашата решителност. Немојте да ги изгубите нервите, држете се цврсто до јасните правила како што се : “тоа што е на масата е тоа што има за јадење” или “мора да го пробаш пред да слушнам- не ми се допаѓа”.

Оставете коментар