Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Што може вашето бебе во првите три месеци?

Што може вашето бебе во првите три месеци?

Знаењето на развојот на детето може да послужи за навремено препознавање на одредени поголеми отстапувања во развојот, но никогаш немојте своето бебе да го споредувате со останатите бебиња.

Повеќето бебиња ја подигнуваат главата со наполнети два месеци, но ако бебето таа вештина ја совлада со три месеци, тоа не значи дека заостанува во развојот. Порано или подоцна сите бебиња совладуваат одредени вештини.

Знаењето на развојот на детето може да послужи за навремено препознавање на одредени поголеми отстапувања во развојот, како и за навреме да се побара совет од лекар, што е многу важно за здравјето и правилниот раст и развој на детето.

Прв месец – Спанко

Во првиот месец повеќеto од бебињата спијат 90% од времето, така што не треба да очекувате “сензационални” скокови во нивниот развој. Меѓутоа во положба на стомак, повеќето од нив рефлексно ја вртат главата на страна, како би ги ослободиле дишните патишта. Рацете и нозете им се собрани во лактите и колената, а карлицата подигната од подлогата поради што бебешките колена се наоѓаат под стомакот (ова е положба каква што завземале додека биле во стомакот на мајката).

Во положба на грб, бебето најчесто ја врти главата на десната страна. Рацете се цврсто стегнати, а кон крајот на првиот месец, само за момент успева да ја подигне главата од подлогата. Кон крајот на првиот месец некои од нив успеваат да го фокусираат погледот на лицето од мајката и да произведат звуци кои слични на гугање.

Втор месец – И понатака спанко

Во положба на стомак бебето успева да ја подигне главата од подлогата и така може да ја задржи десет секунди. Полека почнува да ја напушта феталната положба (онаа која ја завземало додека било во стомакот на мајката), така што нозете и рацете му се помалку свиткани во лактите и колениците.

Во положба на грб може да ја прати играчката со силна боја, како и личноста која се движи. Рацете се сеуште затворени, но палецот веќе не е затворен, туку се наоѓа надвор од нив. На возраст од два месеци бебето веќе почнува да комуницира испуштајќи звуци, најчесто “а”, “у” и “е”.

Трет месец – Смешко

Во текот на третиот месец, бебето делумно успева да го подигне градниот кош од подлогата наслонувајќи се на подлактиците. Нозете се сега речиси потполно испружени, а колената благо свиткани спрема стомачето.

Во положба на грб, главата ја врти на едната и на другата страна, весело реагира кога ќе здогледа играчка со силна боја и ги пружа рацете кон неа. Рацете не се затворени, а се јавува и првата вистинска насмевка.

 

Оставете коментар