Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Што прави бебето во последните 24 часа пред раѓањето?

Што прави бебето во последните 24 часа пред раѓањето?

Мајката чувствува контракции, а како бебето се подготвува за раѓање во последните часови во стомакот?

За породувањето не се подготвува само мајката, туку и бебето. Кога ќе почнат контракциите, болките, пукањето на воденикот и останатите симптоми од почетокот на породувањето – мајката знае дека наскоро на свет ќе дојде нејзиното бебе.

Но што бебето прави во последните 24 часа пред раѓањето? Како бебето се подготвува?

Се спушта најниско

Некои бебиња се спуштаат кон породилниот канал и неколку недели пред пораѓајот – што е индикатор дека породувањето ќе се случи многу брзо. Меѓутоа, во голем број на случаите бебето во оваа положба се мести 24 часа пред да се роди.

Кога бебето е вака ниско – мајката се движи отежнато, а ни на бебето не му е премногу удобно, па често се протегнува. Ова е дефинитивно знак дека бебето е спремно да излезе.

Почнува да турка со главата

Уште еден од очигледните знаци дека пораѓајот е блиску е и бебешкото туркање, кога со главата допира во грлото на матката. На овој начин бебето го иницира пораѓајот затоа што покажува дека е спремно.

Иако не е свесно што прави, бебето во тие 24 часа со туркањето со главата го отвора породилниот канал.

Стручните лица сметаат дека бебето во овој процес се врти, односно дека се движи како би пронашло најдобра позиција на својот пат кон надвор. Најдобрата позиција секако е кога со лицето е свртено спрема грбот на мајката, а не спрема внатрешниот дел од стомакот.

Бебешкото срце чука поинаку

На ултразвук јасно може да се чуе дека бебешкото срце чука многу побрзо од нашето. Меѓутоа, во последните часови пред раѓањето бебешкото срце почнува да чука поинаку отколку дотогаш.

Кога породувањето започнува, срцето кај бебето може повремено да чука побрзо, а понекогаш и побавно (исто како и кај мајката) – во зависност од тоа дали во тек е активна или рана фаза од пораѓајот, дали се во тек контракции или не и слично.

Бебето вежба дишење

Дали некогаш сте почувствувале благо и изедначено дижење во стомакот? Тоа многу лесно може да биде икањето на вашето бебе, кое пробувајќи да дише се наголтало плодова вода. Ова најчесто почнува да се случува во шестиот или седмиот месец, но нормално е и ако не се случи или ако мајката не го почувствува.

Слуша се што се случува “надвор”

Бебешкиот слух е развиен речиси два месеци пред породувањето и одамна може да ги чуе гласовите и звуците кои допираат од надвор. Меѓутоа, во последните 24 часа е се поинтензивен.

Голема е веројатноста дека бебето ќе го чуе вашиот врисок и се што изговарате во тек на пораѓајот, но сепак не се грижете – бебето на тоа сигурно нема да се сеќава.



Оставете коментар