Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Што се ни кажуваат очите на бебето и движењата со рацете?

Што се ни кажуваат очите на бебето и движењата со рацете?

Најголемо внимание треба да посветиме на очите на бебето – неговите зеници се шират кога нешто ќе му го привлече вниманието. Децата, инаку имаат пошироки зеници од возрасните, а уште повеќе ќе ги шират во нивно друштво.

Уплашениот поглед, стиснатите дланки и вкочанетото тело јасно говорат дека нешто не е во ред со бебето. Доколку пак, штом влезете во собата или му се обратите, весело мафта со рацете и нозете, без сомнение е радосно. Уморното бебе обично ги трие очите, а кога е гладно пробува да се склопчи. Но, овие движења често не се нагласени, па тешко е да се воочат и правилно да се одговори на истите.

Во подоцнежниот развој, малечките почнуваат да користат различни движења и мимики за да ги изразат своите желби: бебето ќе покажува со прстот на работи кои ги сака или ќе ве држи за рака и ќе ве носи на местото на кое сака да оди.

Посветете внимание на она што пробува да ви го каже и покажете му дека разбирате што мисли.

Малите деца го користат основниот говор на телото. Ако детето не сака да ги слуша вашите совети и опомени тоа со рацете ќе ги покрие ушите. Кога не сака да гледа во нешто, затоа што тоа го плаши или лути, бебето со рацете ќе ги покрие очите.

Говорот на телото исто така може да биде клучно средство да откриете дека вашето дете лаже. Во таквите ситуации, тоа инстинктивно ќе ја покрие устата со едната или двете раце, во подсвесна состојба да го спречи излегувањето на “лошите” зборови од неговата уста.

Подеднакво важен е и говорот на вашето тело. Пред вашето бебе да почне да го сфаќа значењето на зборовите, односно она што вие му кажувате, движењата на вашето тело, како и тонот со кој му се обраќате, ќе биде основно средство за разбирање помеѓу вас и вашето бебе.

Оставете коментар