ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Што се случува во мозокот на мајката кога нејзиното дете плаче?
    Што се случува во мозокот на мајката кога нејзиното дете плаче?

    Што се случува во мозокот на мајката кога нејзиното дете плаче?

    Врската помеѓу мајката и детето е волшебна. Истражувањата покажуваат колку многу работи се случуваат во мозокот на мајката кога нејзиното бебе плаче.

    Мајките се особено чувствителни на плачот на детето, а таа чувствителност е последица на делување на хормонот окситоцин. Тој учествува во многу процеси кои се поврзани со мајчинството – го поттикнува почетокот на трудовите и нивниот интезитет, но го поттикнува и производството и отпуштањето на млекото кај доењето. Штом мајката го чуе плачот на бебето, окситоцинот автоматски се лачи и го поттикнува надоаѓањето на млекото. Покрај тоа окситоцинот позитивно влијае и на расположението на мајката, го намалува стресот и ги зголемува позитивните чувства како радост и среќа. Овие чувства ја зајакнуваат поврзаноста помеѓу мајката и детето и ја претвораат нивната врска во нешто навистина посебно. Да, дека тоа е така потврдува и фактот дека мајките се способни да го разберат плачот на нивното бебе во вревата од други звуци или пак ако плачот е тивок и далечен што другите луѓе истовремено не можат да го чујат.

    Плачот на детето е посебно непријатен за мајката

    Сите ние сме имале прилика да чуеме како некое бебе неутешно плаче и не може да се смири. Колку малечко и да било може толку силно да вреска што ретко кого може да го остави рамнодушен. Но за неговата мајка тој плач не е само гласен и непријатен, тој е неподнослив. Плачот на бебето во телото на мајката активира аларм со порака “ИТНО” и тие се во состојба да чујат што на нивното бебе му треба, било да се работи за грчеви, глад, замор или желба за прегратка.

    Мајките се далеку најчувствителни на плачење и врескање на своето бебе од било кое друго човечко суштество. Тоа е и научно докажано. Истражувачите тоа го откриле кај мајката на глувчиња набљудувајќи ја кога нејзините малечки испуштаат звуци. Во мајчиниот мозок во тој момент забележан е брз и значаен пораст на окситоцин, додека кај машките глувци притоа не се случува никаква промена. Тоа не значи дека татковците не реагираат на плачот на своето дете, но говори дека хемиската реакција во мозокот делува како многу софистициран сензор кој и овозможува на мајката да одговори на потребите на своето бебе. Концентрацијата на окситоцин во мозокот на машките глувци, интересно, се зголемува колку подолго живеат со детето и неговата мајка.

    Една друга студиа ја испитувала активноста на мозокот на 18 жени и мажи кај гласното плачење на бебето. Со скенирање на мозокот се покажало дека кај жените веднаш се засилува будноста и спремноста. И додека жените во неколку секунди се потполно ментално спремни, во машкиот мозок не настанале никакви промени.

    Значи, мајките се дефинитивно тие кои природата ги одредила брзо и ефикасно да се погрижат за своите малечки.