Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

ШТО СЕ ВЛИЈАЕ НА ПСИХИЧКИОТ РАЗВОЈ НА БЕБЕТО ВО МАЈЧИНИОТ СТОМАК

ШТО СЕ ВЛИЈАЕ НА ПСИХИЧКИОТ РАЗВОЈ НА БЕБЕТО ВО МАЈЧИНИОТ СТОМАК

Психомоторниот развој на детето почнува уште во интраутериниот период, кога се одвива интензивен анатомски, а потоа и функционален развој на нервниот систем.

Ви откриваме како емотивната состојба на мајката влијае на нејзиното бебе во стомакот, како и низ кои се фази идните родители поминуваат во текот на деветте месеци на бременоста.

Поголемиот дел во развојот на чувството и движењата се одвиваат во втората половина на бременоста, така што новороденчето во моментот на раѓањето има развиено основни реагирања на чувството и моторна стимулација. Иако е тешко да се утврдат показателите на почетокот на психичкиот живот на фетусот, појавувањето на рефлексните движења во четвртиот месец е една од показателите.

Фаза на преиспитување

Од моментот кога ќе дознаат за зачнувањето, идните родители поминуваат низ карактеристични фази низ кои се подготвуваат за родителство. Откако ќе дознаат за бременоста, идните родители влегуваат во нов животен период. Во почетокот се еуфорични, но брзо после тој прв впечаток, свесно доаѓаат до тоа дека родителството е одговорност и дел од зрелоста во идната животната задача. Во текот на оваа фаза, двајцата партнери го преиспитуваат своето детство, карактеристиките на своите родители и размислуваат за тоа какви родители би сакале да бидат.

Фаза на идеализирање

После тоа, еден од најважните моменти во бременоста се јавува најчесто помеѓу 16 и 20 недела од бременоста, кога идната мајка ќе ги почуствува првите движења на своето бебе. Почетокот на движењето на фетусот на извесен начин ги потсетува идните родители на неговото постоење, односно ги потикнува со тоа да ги интезивираат припремите на раѓањето на бебето. Тогаш почнува развивањето на свеста за бебето како за посебно битие. Идната мајка си прави своја слика за идното дете, која најчесто е идеалистична. Мајката повторно поминува низ процесот на преиспитување на самата себе, па промената од еуфорично расположение до период на тага е честа во овој период. Состојбата на страв е зачестена. Во овој период се јавува сон за совршено момче или девојче, како и свеста за предноста  на половите.

Фаза на реалност

Во  текот на последните месеци на бременоста, идните родители се пореално го доживуваат своето бебе. Во оваа фаза се преуредува домот, се купуваат работи за бебето, се бираат имиња. Двајцата родители се во голема мера запознаени со процедурата пред и после породувањето. Поширокото смејство е  се повклучено и со нетрпение го очекуваат  породувањето.

Влијанието на емоциите на мајката врз бебето

Во периодот на бременоста, повеќето мајки размислуваат за тоа да ли и на кој начин нејзината емоционална состојба влијае на развојот на бебето. Телесните, односно хормонските промени низ кои поминува бремената жена е една од причините што бременоста се вика друга состојба. Зголемената или нееднаквата емоционалност е чест пропратен ефект на бременоста. Секоја емоција која ја доживуваме , без разлика дали е пријатна или непријатна, има свои психички и физиолошки компоненти во однесувањето. По пат на физиологија на бремените, т.е по пат на крвотокот, нејзините емоции се пренесуваат на фетусот. Тоа се однесува на пријатните како и на непријатните емоции. Секако тоа не значи дека жената во текот на бременоста треба да биде под стаклено звоно, бегајќи од непријатните емоции, бидејќи сите стресови кои ги доживува не оставаат трајни последици на неа, па ни на бебето.

Меѓутоа, хроничниот стрес (партнерското  или семејното  насилство) или силна траума (сообраќајна несреќа, напад, природни катастрофи...) можат да доведат до големо покачување на хормоните за стрес во организмот, што доведува до зголемување на движењето на фетусот, и до фатална паника. После раѓањето, овие бебиња се често хиперактивни, а може да имаат и пореметен метаболизам. Секако, важи и обратно, сите оние пријатни и опуштени чуства, љубов, нежност што ги доживува бремената жена исто така преку крвотокот се пренесуваат на бебето. Затоа на бремените жени им се советува да ги прават оние активности кога им е убаво ( да слушаат музика, да шетаат во природа...) како и да бараат поддршка од блиските со кои се опкружени (партнерот, блиското семејство, пријателите...). Се се овие важни извори на пријатни чувства кои за идната мајка и за бебето кои се на прагот на породувањето значат многу.

 

 

Оставете коментар