Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Што ви е потребно за подготовка на храна за бебето

Што ви е потребно за подготовка на храна за бебето

Подготовка за бебешка храна - апарати и садови

Кога бебето почнува да јаде цврста храна, тогаш е неопходно таа да биде испасирана, за да бебето само да ја проголта храната, бидејќи уште нема заби.

Прочитајте ги следните совети за купување апарати и садови кои може да се најдат кај нас. Можеби веќе имате некои апарати и прочитајте како можете да ги користите за подготовка и обработка на храна.

Блендер

Ако одлучите да купите блендер, треба да бидете сигурни дека сечилото е поставено на ниско ниво и садот да е помал бидејќи подготвувате помалку храна. Постои блендер со помала и поголема чаша, помалата чаша се користи за сецкани јатки и исто така може да се користи за помали количини на храна. После готвењето на храната, оладете ја и ставете ја во блендер, покријте го и изблендирајте ја храната. Доколку е потребно, малку ќе ја промешате храната ако се пикне под ножевите,па повторно изблендирајте.

Рачен блендер

Рачниот блендер е добро решение за пасирање на храната за бебиња. Кога ќе ја зготвите храната, ставете ја во сад и измешајте ја. Истурете ја водата во која се подготвувала храната за да можете полесно да ја мешате храната. Проверете дали храната се заглавила во сечилата, ова се случува кога ќе го пасирате месо. Исчистете го и повторно измиксирајте ја.

Апарат за готвење на пареа

Постојат различни апарати за готвење на пареа на пазарот, каде што може да се подготви повеќе храна во исто време. Ако правите помала количина на храна наместо апаратот, можете да го користите големиот и помалиот сад . Ставете вода во големиот сад, а во помалиот зеленчук или овошје во помали количини. Можете да ставите цедеалка над пареата и во неа храна. Обрнете внимание дека не ја допира водата туку само да се готви на пареа.

Миксер

Обичен миксер може да се користи запасирање зеленчук, бидејќи нема сечило нема да може да го пасира месото. Ако се подготвувате пире од компир за себе, прво раздвојте го, одделете го делот на бебето и потоа го зачинете за вас.

Цедалка

Можете да ја користите за пасирање на грашок, грав или сите мешункасти производи. Ова ќе ги оддели деловите кои тешко можат да се џвакаат.

Садови за готвење

Освен апаратите за подготовка на храна, треба да купите и садови за готвење. Ви треба:

Мали садови

Купете најмалку два мали сада,еден за варење на водата за пиење и еден за готвење на храната за бебето.

Садови за замрзнување приготвена храна

Ако сакате да ја замрзнете храната што ја подготвувате за бебето, треба да купите помали садови во кои ќе ја наредите во замрзнувачот. Садовите треба да имаат капак, така што храната да не се исуши, а мирисите не се шират. Исто така, купувајте налепници што ќе ги залепите на садовите и да напишете кога ја имате замрзнато храната и што е во кој сад, ако имате повеќе подготвена храна.

Оставете коментар