Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Стравови кај децата: Бебињата се плашат од предмети што произведуваат бучава

Стравови кај децата: Бебињата се плашат од предмети што произведуваат бучава

Познато е дека бебињата од најраниот период реагираат на одредени предмети, звуци или ситуации. Во текот на првата година од животот, љубопитните мали деца се запознаваат со светот со допир, или  мирисајќи ги предметите или ставајќи ги во уста. Нивната истражувачка страст покажува дека тие се нормално развиени, дека тие се со  бистар и здрав ум. Затоа, нека се чувствуваат слободни да ги допрат и да ги запознаат предметите што не се опасни, но постојано држете ги на око поради безбедноста, советуваат експертите.

Од друга страна, мајките и татковците треба да имаат на ум дека вакви, мали деца ги плашат објекти кои одеднаш се движат или произведуваат бучава. Затоа треба да внимавате со вклучување на правосмукалки, звучни играчки, лаењето на кучињата ... За возраста на дете од една година, стравот од субјектот кој одеднаш ќе "оживее" е сосема нормален, или, на пример, кога чадорот одеднаш ќе се отвори со "сомнителен и застрашувачки" звук.

Оставете коментар