Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Стручните лица предупредуваат: Не претерувајте со облекувањето на децата, може да биде опасно

Стручните лица предупредуваат: Не претерувајте со облекувањето на децата, може да биде опасно

Поткошула, памучна маица со долги ракави, пелени, гаќички, хулахопки, панталони, па потоа блуза, а над неа јакна или скафандер. Замислете во сето тоа да излезете надвор?! Би се испотиле, исто како и вашите деца.

Кога ќе дојде зимата, основната работа за која се грижат родителите, бабите и дедовците е детето да го облечат да му биде топло, за да не дојде до настинка. Затоа понекогаш на минусни температури децата изгледаат како роботи кои имаат барем пет слоја на облека. Затоа родителите на ум мораат да го имаат следното: прекумерната топлина не е ништо помалку опасна од ниските температури.

Професорот Конџи Рахми Орс од Медицинскиот факултет “Неџметин Ербакан” во Турција предупредува дека бебињата и малите деца се многу чувствителни и дека со нив мора правилно да се постапува.

Тој нагласува дека многу родители со најдобри намери ги прават некои работи тотално погрешно, невесни дека тие можат многу лошо, дури и опасно да влијаат на здравјето на децата.

Една од тие работи е поврзана со прекумерното затоплување на децата со прекумерна облека.

На детето му е сосема доволно надвор, дури и во зима, да биде загреано до просечна собна температура од околу дваесет степени и нема потреба да се затоплува до таа мерка да се потти како надвор на улица да е четириесет степени.

Децата кои се прекумерно облечени се изложени на ризик од дехидратација, односно на губење на течности во организмот. Тоа може да има негативни последици по работата на бубрезите, а во екстремни случаи да доведе до трагични последици.

Наглото затоплување на организмот ја зголемува и количината на штетни супстанци во крвта, а тоа исто така може негативно да влијае на организмот – порачува доктор Орс.

Исто така, тој ги предупредува родителите своите малечки да не ги покриваат премногу ни кога одат на спиење, затоа што со тоа се загрозува квалитетот на сонот на детето.

Прекумерната топлина не е ништо помалку опасна од ниските температури и тоа сите треба да го имаат на ум. Важно е да се оддржува оптимална температура, а не да се претерува – заклучува докторот.

 

Оставете коментар
Close