Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Студенилото и бебешката кожа

Студенилото и бебешката кожа

Зошто кожата е чувствителна на студено?

Кожата  секогаш прва ги чувствува промените - студено, топло, ветар, вода... Сето тоа прво влијае на кожата. Затоа зимското студенило е најголем непријател на детската кожа.

Ладниот воздух ја собира кожата, а ладниот ветар ја суши, затоа кожата лесно пука, станува чувствителна и болна. Кога детето е подолго време под влијание на ладниот воздух, крвните садови кои ја храната кожата се собираат. Така во кожата стигнува помалку крв, што дополнително ја влошува ситуацијата. Кожата останува без топлина, но и без хранливите материи, кои и се навистина неопходни.

Дали сите делови на кожата подеднакво  страдаат?

Најизложени делови на кожата се баш оние кои се на удар на студено - кожата на лицето и рацете. Останатите делови на телото најчесто се добро заштитени. Затоа за рацете и лицето потребна е посебна нега во текот на зимата. Усните се следното критично место. Затоа што се многу често влажни, тие лесно се сушат на студениот воздух, па пукаат и печат.

Многу е симпатично кога бебето ќе се зацрвени кога е на планина

Така е, но тоа не треба да трае долго. Ако бебето е незаштитено и изложено подолго време на студено, здравата црвена боја ќе почне да бледее, а кожата брзо ќе се оштети. Бебињата се многу чувствителни на студено, но тоа сите го знаат, па ретко се случува кожата на бебето да настрада во текот на зимата. Ова, за жал не важи и за оние бебиња кои во текот на зимата не се доволно заштитени, немаат топол дом.

Комбинација планинско сонце и студен ветар?

Планинското сонце е многу опасно за незаштитената кожа. Ултравиолетовите зраци на планина се многу посилни отколку на море, поради реткиот воздух, но и поради рефлексиите на сонцето врз белиот снег. Затоа е многу опасна комбинацијата ладен ветар и планинско сонце.

Дали децата со чувствителна кожа имаат повеќе проблеми во текот на зимата?

За жал да!

Децата со чувствителна кожа, особено децата кои имаат атописка конституција (децата подложни на алергија), често имаат екцем! Родителите на тие деца знаат дека зимата е време кога болеста се влошува. Студениот воздух е еден од виновниците, но не и единствен. Греењето во затворен простор исто така ја суши кожата, а и промените топло - ладно, допринесуваат за влошување на екцемот.

Како да се заштити детската кожа од студено?

Прво, децата треба паметно да се затоплат - ракавиците се основни, а во случај на многу студено и ветровито време, треба да се заштити кожата на лицето со капа или маска, која е стандарден дел од скијачката опрема.

Никогаш не им давајте на децата да излезат на студено веднаш после миење на рацете или лицето. Најпрво треба добро да се избришат и исушат. Влажната кожа на ладно веднаш пропаѓа!

Децата со чувствителна кожа мораат да имаат засилена нега во текот на зимските месеци. Хидратантните креми се задолжителни пред да се излезе надвор. Секако, откако ќе се стави од кремата  треба да се остави добро да се впие во кожата и тоа 10-15 минути пред излегување од домот. Кога детето ќе се врати во домот, рацете треба да се измијат, добро да се исушат и да се намачкаат со хидратантна крема. Ако забележите дека екцемот се влошува, отидете на лекар.

После вечерното капење, пред спиење - треба да се намачкаат рацете со хидратантна крема која ќе ја припреми кожата за следниот студен ден кој е напорен за кожата.

Ако кај детето се појави пукање на кожата (рагада), потребна е интензивна нега. Тогаш, заедно со хидратантната крема треба да користите и крема со пантенол, која влијае на епитализацијата (зараснувањето).

Усните треба редовно да се мачкаат со заштитна крема - пред секое излегување од дома, но и после миење на забите. Ако детето престојува подолго надвор, треба да користи креми со заштитен фактор против UV зраците.

Задолжително е користење на креми со што поголем заштитен фактор против ултравиолетовите зраци. Лицето, носот и челото треба добро да ги намачкате пред секое излегување, но и во текот на престојувањето надвор од домот. Квалитетните креми за сончање содржат и потребни компоненти кои ја чуваат влажноста, па негата и заштитата на кожата е потполна.

 

Оставете коментар