Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Тајната на негуваната кожа

Тајната на негуваната кожа

Овие научни факти засекогаш ќе го променат начинот на кој ќе ја негувате кожата на вашето бебе, од сега па натаму...

Бебето се раѓа со хидрирана кожа

Во текот на целата бременост, преку плацентата, се пренесуваат хормоните на мајката во крвотокот на бебето. После породувањето, одредена количина на тие хормони се задржува во организмот на бебето. Благодарејќи на дејствието на некои од нив, се прави наслага на темето (темето покрива подебел слој што личи на восок, кој се перута). Сепак, темето не треба да го чистите со силни движења, туку со нежни, со специјален хидратантен лосион, се омекнуваат лушпите, за да се обнови кожата. Пред спиење на бебето нежно втријте му го шампонот и добро измијте му ја косичката и кожата на главата.

И бебињата имаат акни

Црвени точки, обично на образите и носето, можат да се појават после неколку недели од раѓањето и траат до четвртиот месец од животот. Овие мали акни настануваат поради задржувањето на вашите хормони во организмот на бебето, но и поради прекумерната продукција на себум. На бебето акните со време му се повлекуваат, ама побрзо ќе ги елиминирате ако користите нежно средство за миење. Ќе капнете од средството на чисто парче памук, ќе поминете нежно преку кожата, а потоа со чисто парче памук, натопено во вода, измијте ја кожата.

Кожата на бебето е алкална

Кожата на новороденчето е со повисоко ниво на pH, што значи дека е поалкална и поосетлива на сушење и појава на екцем. После првите недели од животот,pH вредноста почнува да паѓа, а вие можете многу да допринесете во овој процес за побрза адаптација на кожата на бебето така што ќе користите проверени и квалитетни препарати (наменети за осетлива кожа) за хигиена, нега, но и за перење на облеката. Бебето облекувајте го во облека од памук, која нема да ја иритира кожата.

Кожата на бебето е десет пати потенка од вашата

После раѓањето, површинскиот слој на кожата (епидермис) кај бебето е многу потенок отколку вашиот и има многу помалку ќелии. Одржувањето на личната хигиена е многу важно, но не претерувајте. Кога се работи за новороденче, па се до четвртиот месец на животот, три капења неделно во вода со температура како и телото сосема е доволно. Памучниот пешкир за капење може да биде абразивен и затоа е најдобро да ја тапкате кожата на бебето со памучни марамчиња.

Потребна е една година за да се развие потполно кожата на бебето

Кожата на бебето е најосетлива во текот на првиот месец, затоа што уште не е формирана заштитната бариера на површината на кожата, која подоцна ќе го штити од алергии и патогени микроорганизми. За потполн развој на површинскиот слој на кожата кај бебињата потребно е да поминат 12 месеци, а ваша задача е во тој период правилно да ја заштитите со редовна употреба на креми и масти и да и овозможите правилен развој.

Оставете коментар