Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

ТАТКОТО И БЕБЕТО САМИ ДОМА

ТАТКОТО И БЕБЕТО САМИ ДОМА

Се повеќе татковци сакаат да останат дома сами со своето бебе. Татковците и сугерираат на својата поубава половина да прошета до фризер, да оди на кафе со другарките или да оди на забава која ја организира нејзината фирма.

Таткото и бебето сами дома

Дали спаѓате во групата на мајки која сеуште не го оставила бебето дома само со таткото? Дали се плашите? Немало потреба до сега? Немате доверба  во мажот, па полесно ви е да се одлучите да ангажирате некоја баба, тетка, сосетка или дадилка?

Имаме одлични вести за вас.

Се повеќе татковци изразуваат желба да останат сами дома со своето бебе. Татковците им сугерираат на своите поубави половини да прошетаат до фризер, да одат на кафе со другарките или да одат на забава која ја организира нивната фирма.

Дали е во прашање еволуција на емоциите на татковците или е нешто друго во прашање?

Верувајте, не се работи за еволуција на мажите, начинот на изразување на емоциите само го променил обликот. Порано татковците избегнувале да чуваат деца, за развивањето (како ментално така и физички) ништо не знаеле а и не ги интересирало. Се што се подразбира околу негата и развивањето на бебето, се однесувало само на мајката, а татковците биле во втор план.

Денес се дојдени нови времиња и татковците се однесуваат поинаку. Нивните емоции биле секогаш силни кога се во прашање децата, секогаш се поставувале заштитнички кон целото семејство но искажувањето на емоциите и нежноста било секогаш срамно.

Денес таковците со радост признаваат дека цело попладне го поминале со бебeто и дека им било многу пријатно. Денес татковците се повеќе ги поттикнуваат мајките на разни активности надвор од семејниот дом, за да можат да уживаат со своето мало суштество.

Анонимната анкета која е направена, ги потврдува претходните прашања: како се чуствувате кога сте сами со бебето, ова се пет најтипични одговори на татковците:

        Мислев дека тоа никогаш нема да се случи. Мислев дека нема да знам да ја сменам пелената, да го мијам и да го мачкам газето, да си играм на подот по час или два без прекин, а се случи да бидам добар во тоа. Бебето сака да остане со мене , го чуствувам тоа. Значи, јас сум прав татко.

         Зборувам постојано со своето дете, се трудам да го научам на нови игри, за да можам да се пофалам дека и од мене научило нешто.

         Одвај чекам да останам сам со близнаците, и никој да не ме види каку ќе бидам нежен со нив. Своите емоции потполно ги искажувам кон децата а тие ми возвраќаат со иста мера. Не можам така да се однесувам пред сопругата, за да не помисли дека сум папучар.

        Мајките денес се преоптеретени, од нив се бара максимум не само на работа туку и во домот.  И на нас ни е тешко, но треба да се биде искрен, треба на мајките да им се даде вентил за да се отргнат малку од обврските. Се почесто посакувам да останувам сам дома со децата, така се опуштам и релаксирам, просто ја разменуваме енергијата.

         Му пријдов на мојот син како да ми е најдобар другар, му се жалев за проблемите кои ги имам на работа и толку се занесов што почнав да му поставувам прашања, што би направил тој ако е на мое место. Ќутењето на бебето ме врати во стварноста, одговор немаше а мене ми беше полесно. Се пожалив на некој, а при тоа никого не го оптеретив со моите проблеми. Затоа обожавам да останам сам дома со бебето.

 

Оставете коментар